March 29, 2024, 12:47 am

Hoвa cтyдиja: Пo пpвaтa дoзa нa Фајзер, сè yштe пocтoи pизик oд инфekциja co нoви myтaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една доза од фајзеровата вакцина против коронавирус може нема да биде доволно за имунолошки одговор за лице да се заштити од доминантните нови соеви, освен кај лицата кои веќе биле заразени со ковид-19, покажува британско истражување. 

Студијата на Империал Колеџ, која ги истражува имунолошките реакции на здравствените работници во Велика Британија по нивната прва доза од фајзеровата вакцина, открива дека оние кои претходно имале блага или асимптоматска зараза ја зголемиле заштитата од мутираните соеви на вирусот кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.

Научниците кои ја спроведоа студијата истакнаа дека „имунолошкиот одговор по првата доза на вакцината бил послаб кај луѓето кои претходно не биле заразени, што потенцијално може да ги изложи на ризик да бидат заразени со нови соеви“, пренесува Н1.

-Оваа студија ја нагласува важноста на втората доза на вакцина за да се заштити популацијата, рече Розмари Бојтон, професор по имунологија и респираторна медицина во „Империјал“, која ја водеше студијата со нејзините колеги. Луѓето кои ја примиле првата доза на вакцина, а претходно не биле заразени со ковид-19, не се целосно заштитени од нови вознемирувачки соеви на коронавирус, додаде Бојтон.

Студијата, објавена во списанието „Сајанс“, анализира примероци од крв за присуството и нивото на имунитет против оригиналниот вид, како и таканаречениот британски вид, познат како Б.1.1.7, и други како Б.1.351 што се појави во Јужна Африка.

Откриено е дека по првата доза на вакцината Фајзер, засилен имунолошки одговор во форма на Т-клетки, Б-клетки и неутрализирачки антитела е поврзан со претходната инфекција.

Кај луѓето кои немале ковид-19, единствена доза на вакцината сепак произведува неутрализирачки антитела против оригиналниот вирус и неговите мутирани соеви, но на пониски нивоа.

Дени Алтман, професор по имунологија во Империјал, кој исто така ја водеше студијата, рече дека „ова значи дека ќе има прозорец на ранливост за луѓето помеѓу првата и втората доза на вакцината“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This