„HOЖИЊАТА“ НА ГРУЕВСКИ: Рангелова гласаше „За“ одземање на платата на Груевски – Илија Димовски воздржан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, претседателка на Унијата на жени на партијата во времето кога претседател беше Никола Груевски, жената која уживаше целосна доверба од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, се впиша во низата блиски кои му го зарија нoжeтo на поранешниот претседател.

Рангелова е единствената од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше „ЗА“ одземање на пратеничката плата на поранешниот премиер Никола Груевски проради правосилната пресуда против него на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Другите 51 глас „за“ дополнувањата на Законот за пратеници ги обезбедија пратениците од парламентарното мнозинство.

Законските измени беа донесени со 52 гласа „ЗА“ и само два „ВОЗДРЖАНИ“ на спикерот Талат Џафери и на поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. И Џафери и Димовски, всушност, се изјаснија поразлично од другите нивни сопартијци од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициските пратеници воопшто не гласаа за дополнувањето на Законот за пратеници, откако претходно Зоран Илиоски оцени дека решението што го предложија владејачки пратеници е спротивно на Уставот. Во гласањето не учествуваа, исто така, осумтемина осклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This