HUAWEI ПPOМOВИPА: Лaптoпи на AMD бaзa

  • December 2, 2019

Huawei започна со продажба на достапни лаптопи со бренд Honor, базирани на AMD процесорите. Мобилните компјутери во моментов се достапни на кинескиот пазар за околу 469 американски долари, пренесува IT Home.

Honor ги откри своите нови лаптопи MagicBook 14 и 15 кон крајот на ноември, а сега се достапни за купување во Кина. Лаптопите се дизајнирани врз основа на AMD Ryzen процесорите и доаѓаат со претходно инсталирани Windows и Linux.

MagicBook 14 и 15 имаат вграден скенер за отпечатоци од прсти што се наоѓа на копчето за вклучување, како и камера вградена во горниот ред на тастатурата. Лаптопите доаѓаат со Full HD IPS-екрани.

Батеријата обeзбeдyвa околу 9,5 часа траење на батеријата. Цените на лаптопот се движат од 469 до 597 долари, во зависност од конфигурацијата.

Претходно «
Следно »