HUAWEI СО ГОЛЕМИ ДОСТИГНУВАЊА: Очекува да испорача 230 милиони паметни телефони до крајот на годината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Huawei се очекува да испорача 230 милиони паметни телефони до крајот на годината, барем соред прогнозите на главниот извршен директор на одделот за потрошувачи на Huawei, Ричард Ју.

Потсетуваме дека во октомври, компанијата соопшти дека испорачале 200 милиони телефони, што е за 64 дена побрзо од претходната година.

Неодамна споделените податоци од Strategy Analytics укажуваат дека Huawei се приближува во однос на испораките до лидерот Samsung. Оттаму предвидуваат дека кинеските пратки може да достигнат 251 милиони единици до крајот на годината.

Добрите перформанси на Huawei продолжуваат и покрај тeшкoтиитe со кои се соочува компанијата поради caнкциитe на САД. Ова во најголем дел се должи на присуството на пазарот во Кина, каде што нивниот удел значително се зголеми оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This