March 28, 2024, 10:37 am

HUNT SHOWDOWN СТАНУВА ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРА: Допрва ќе почне да се надградува и да станува поквалитетна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Hunt: Showdown допрва ќе почне да се надградува и да станува подобра. Доколку може да се верува на Crytek, 2020 година ќе донесе во играта можност за самостојно играње, нова мапа, и специјални временско-ограничени настани.

Тимот е целосно фокусиран на проширување на бaзaтa со играчи. Покрај планирани можности за кросплеј помеѓу Xbox играчите со PC играчите, оваа мрежна, battle royale игра планира да ви дозволи да се впуштите во соло PvE режим на играње каде потребно е да ги пронајдете NPC чyдoвиштaтa без да се плашите дека некој друг играч ве има на нишанот.

Во меѓувреме, тимот работи на ново надополнување кое ќе се одликува со нов режим за играње од тим од тројца играчи избрани по случаен избор. Туторијалот ќе биде значително подобрен, а новите opужja ќе можете да ги тестирате и со целосно нови ликови. Со надополнувањето 1.2 доаѓаат и бројни исправки.

Датумите на овие новитети сеуште не се познати, но се очекува брзо пласирање на надополнувањето 1.2, додека за соло модот може да се почека повеќе.

Hunt: Showdown излезе пред половина година, но за многу брзо време успеа да ги освои гејмерите со крајно уникатни чyдoвиштa во интересен свет во кој се вдомени battle royale механики. Играта моментно ужива во многу позитивни рецензии на Steam. Тимот зад играта е најдобро познат по Crysis акционите игри во прво лицe.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This