November 28, 2021, 9:51 am

Jанша: Вo ЕУ нe тpeбa дa гo спoмeнyвaте Џорџ Сорос, милијapдер кoj го стекнa бoгaтcтвото со шпeкyлaтивeн кaпитaл живeeјќи oд хaoc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум европратеници во тридневна посета на Словенија требаше да се сретнат со премиерот Јанша, но тој не ги примил, пренесуваат медиумите во Словенија.

Една од членките на делегацијата, Асита Канко, рекла дека е револтирана, а премиерот Јанша на Твитер и одговорил: „А, која си ти?“

Конечно, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, го повикал Јанша да престане да провоцира, „бидејќи нападите врз европратениците се и напади врз европските граѓани“.

Во меѓувреме, холандскиот премиер Марк Руте осудил уште еден „невкусен твит“ на Јанез Јанша – фотографија од „13 од 226 познати соросови марионети во Европскиот парламент“.

Според Јанша, постојат некои работи што не треба да ги споменувате во ЕУ, инаку лавина критичари се слеваат врз вас. „Не треба да ги споменувате оние кои не знаат од кој пол се, и не треба да го споменувате Џорџ Сорос, милијардер кој го стекна своето богатство со шпекулативен капитал живеејќи од хаос. За да го олеснат овој хаос, тие формираа голем број невладини организации организирани во групата Отворено општество, кои првично беа финансирани, а сега се финансирани од буџетите на ЕУ и државниот буџет “, нагласи тој.

Latest News

ДЕБАР ГО СЛАВИ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Градоначалникот го поставил низ цел град

Денеска е ден на албанското знаме, па градоначалникот на Дебар Хекуран Дука го честиташе на фејсбук. Поради празнувањето во Дебар...

More Articles Like This