Jа прифаќам новата реалност, но името на мојата земја останува Македонија и ништо нема тука не европски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „360 степени“ нагласи дека за жaл оваа нова реалност со промената на името ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но сепак за Мицкоски, Македонија ќе си остане Македонија.

„Ние никогаш не сме ја игнорирaле реалноста. Јас би бил дволичен ако ви кажам дека ја игнорираме реалноста. Кој вели дека оваа реалност ние ја игнорираме? Па ние сме дел од Владата. Но не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи како да ви кажам. Јас за мене оваа држава длабоко во себе ја носам како што сум ја наследил, и така ќе ја пренесам на моите потомци како Македонија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша што е неевропски ако твојата држава си ја сакаш и почитуваш како Македонија.

„Јас лично не можам да сум лицемерен и дека оваа реалност ја игнорираме. За жaл таа реалност што ни ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но никогаш јас нема и не можам да се сложам со оваа придавка“, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This