December 3, 2020, 11:14 am

Jaпoнцитe co гoлeмo oткpитиe: Cyпepкoмпjyтep дokaжa дeкa влaжнocтa гo нaмaлyвa шиpeњeтo нa Koвид-19

Поврзано

Германски eкcпepти: Bakцинaциjaтa мoжe дa пoтpae нeкoe вpeмe

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради...

Мeѓyнapoдeн дeн нa лицaтa co пoпpeчeнocт: Гpaдeњe пoдoбap cвeт пo Koвид-19

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на...

Eвe кoи cимптoми мoжe дa ce jaвaт пo пpимaњe нa руската вakцинa „Sputnik V”

Во повеќето случаи вакцинирањето добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е...
- Advertisement -

Јапонски суперкомпјутер покажа дека влажноста може да има значително влијание врз ширењето на вирусните честички, што укажува на зголемен ризик од зараза со коронавирусот во суви затворени услови во текот на зимските месеци.

Откритието сугерира дека употребата на навлажнувачи може да помогне во намалување на заразите во време кога не е можно нормално проветрување со отворање прозорци.

Истражувачите од институтот Рикен и универзитетот Кобе го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да ги моделираат емисиите и протокот на честички слични на вируси, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор.

Симулациите покажале дека влажноста под 30 проценти резултира со повеќе од двојно поголема количина на аеросолни честички во споредба со влажност од 60 проценти.

Јапонските истражувачи откриле и дека проѕирните визири за лице не се толку ефикасни во спречување на ширење на аеросолите, како што се заштитните маски.

Други податоци покажуваат дека за време на оброците, луѓето имаат поголем ризик да се заразат од оние што седат до нив, и дека бројот на пејачи во хорови треба да биде ограничен, а изведувачите треба да држат одредено растојание едни од други.

Истражувачки тим од институтот Рикен, предводен од Макото Цубокора, претходно го користеше суперкомпјутерот Фугаку за да симулира пренесување на зараза во возовите, работните средини и училниците. Експертите при тоа откриле дека, на пример, отворањето прозорци во возовите може да ја зголеми вентилацијата за два до три пати и со тоа да ја намали концентрацијата на вирусни честички.

Latest News

Caнкциoниpaн 381 вoзaч вo Скопје вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот...

Германски eкcпepти: Bakцинaциjaтa мoжe дa пoтpae нeкoe вpeмe

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни проверки кои се неопходни,...

Мeѓyнapoдeн дeн нa лицaтa co пoпpeчeнocт: Гpaдeњe пoдoбap cвeт пo Koвид-19

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие...

Државјанин нa Албанија ocyдeн зa yпoтpeбa нa фaлcификyвaнa личнa кapтa

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со...

Македонија – кандидат за претседавање со ОБСЕ во 2023 година

На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ кој се одржува денес и утре во Тирана треба да...

More Articles Like This