April 17, 2024, 12:35 am

Jakимовски до Kapakачанов: Ако си маж дојди ти на чело на полkoт. Ќе те kpeнеме на kloци како што на kloци беа и3бpkaни Бугарите во Втората cBeтckа Bojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе испрати полк во Македонија да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историската вистина, преку фејсбук му одговори лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски.

„Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот – Красимир Каракачанов: Путин иде на чело на вечниот полк и Србите исто маршираа во Ниш, а вие Бугарите може само да имате инжинерски полк.
Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „какале“ дојди на чело на полкот.

Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо. Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стрелале на Страцин.
Инаку битката кај Чупино брдо се одиграла на 14 Јуни 1943 година помеѓу 3-та Македонска ударна бригада; 6-та Јужно моравска бригада и во битката учевствувале дел од Косовските батаљони. Големиот стратег Апостолски долго го подготвувал овој судир и ги фатил во потковица бугарските фашисти и потоа следувал масакар.
Во 2007 година присуствував на чевствувањето на денот кога се одиграла битката. Беше дојден еден преживеан борец од Врање. Тој одржа пригодна реч во која што рече: „Ние бевме во составот на таканаречените Осоговски батаљони, вкупно бевме 2900 борци, а против нас во зоната на нашето делување беше 52-та Бугарска дивизија со вкупно 12 илјади војници“. Но, како што рече тој: „Ја имавме таа среќа да бидеме под директна команда на Михајло Апостолски, па така бевме тактички добро подготвени и многу мобилни. За пример ќе ви кажам во едно попладне од Црна трава во Србија до врвот Лисец кај Кратово изведовме убрзан марш од скоро 50 км. Негде пред зори со бајонети во заби доползевме до бугарските позиции и започнавме да се колеме со бајонети. Ех, се сеќавам во таа битка пред зори тешко ја ранија со бајонет вашата хероина Вера Јоциќ“. Се сеќавате нели на песната „Очи“ од Ацо Шопов таа се однесува на Вера Јоциќ: Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка на погледот срцен, и секоја капка на твојата рана ко крвава жар ни капеше в срце…!
И тогаш Каракачанче сте мислеле дека сте многу силни оти сте биле побројни и по вооружени ама Генерал Апостолски ве дигна на клоци. Затоа пак ќе ви кажеме не се мангупирајте многу зошто Македонката како што знаеше да го роди најголемиот војсководец во историјата на човештвото Александар Македонски, да ги роди Сандански и Делчев така ќе роди и нов Апостолски.
п.с. Сдсмовчиња! Престанете да мјаукате и удрете на маса еднаш, сите ќе ве поддржиме!

Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот -…

Posted by Stevco Jakimovski on Wednesday, October 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This