JAKИМОВСКИ: Заев изврши историско велепредавство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски денеска оцени дека за лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите завршиле уште завчеравечер по неговата изјавата во Берн.

 dsc_0354-300x199

 

Изјавата на лидерот на опозицијата Зоран Заев,завчера вечер во Швајцарија дека ,,не може сите да бидат толку лоши околу нас, а ние да сме најдобрите, и ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“, беше причина денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски да одржи прес конференција. Во своето обраќање пред медиумите, Јакимовски напомена дека ниту еден политичар од 1945 година наваму, не изнел поопасна теза за македонскиот народ, јазик и култура.

– Обидувајќи се да го снесе кукавичкото јајце во Швајцарија и мислејќи дека таму ќе се сокрие од својот народ, Зоран Заев изврши историски невидено велепредавство, велејќи дека ние Македонците сме најголемиот проблем на Балканот, теза која не ја кажале ниту најтврдокорните балкански националисти, напомена лидерот Јакимовски.

– За да бидеме најдобрите, продолжи претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, очигледно според Заев, кога ќе збори пред оние кои ни го оспоруваат јазикот ќе рече: да, јазикот не е македонски. Кога ќе отиде во Белград, на српските владици најверојатно ќе им каже дека ние немаме Македонска православна црква, туку дека сме под јурисдикција на СПЦ. На грчките националисти ќе им каже: нема македонска нација?!, запраша Јакимовски,

– Господине Заев добивте голем аплауз во Берн, но тој не значеше поддршка, туку : ,, Браво,алал нека ти е“. Со ова Зоран Заев дефинитивно се откажа од Македонците. За него изборите нема да завршат на 11 декември, туку завршија завчера во Берн, Швајцарија. Самиот си пресуди и на себе, и на опозицијата. На крајот би сакал да ги прашам членовите и симпатизерите на СДСМ, кој е сега предавникот: јас, Стевчо Јакимовски, или вашиот претседател Зоран Заев?! , го заврши своето излагање лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This