Kинeскиoт рoвeр си нaпрaви селфи на пaт кон Мaрс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната вселенска администрација на кина во четвртокот објави слики од првиот кинески ровер на пат кон Марс.

Тианвен-1 си направил селфи на пат кон црвената планета.

Поточно за време на летот, Тианвен-1 лансирал мини камера што направила неколку слики од роверот.

Според агенцијата, првите слики се направени длабоко во вселенскиот простор, а на сликите јасно се гледа Кинеското знаме на надворечниот дел од роверот.

Тианвен-1 беше успешно лансиран од провинцијата Хаинан на 23-ти Јули.Од први Октомври, роверот има поминато 1.88 милиони километри, и сите системи засега работат оптимално.

Се претпоставува дека ке му треба околу седум месеци за да стигне до површината на Марс.Доколку мисијата е успешна, роверот ќе ги испрати собраните податоци до Земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This