Kирацовски ги излaжaл сите – Заев му ветил 100 милиони евра: Еве што ce има на УСБ-то на Боки, тука се дokaзите од неваштечениот телфон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски и неговиот правен застапник, Сашо Дуковски со месеци говорат дека телефонот на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ и осудениот во случајот „Рекет“ не се вештачи бидејќи ќе се дознае поинаква вистина и ќе се фрли поинакво светло на овие големи криминални афери.

Бојан Јовановски на рочиште за „Рекет“ минатата година посочи дека неговиот телефон не се вештачи бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јовановски тогаш тврдеше дека чантата Луј Витон на Зоран Милевски ја немал допрено и не знае што има внатре.

Веднаш потоа по читањето на пресудата за „Рекет“ во која беше осуден на 9 години затвор тој посочи дека рекетираните пари во Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев.

Неваштечениот телефонт на Бојан Јовановски попладнево повторно се актуелизираше откако на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ Боки пред судот посочи дека во УСБ-то кое го нуди одбраната како доказ се наоѓаат докази од неговиот невештачен телефон.

Овие докази произлегуваат од мојот невештачен телефон, истакна тој во образложението пред судот на доказите.

На паузата која требаше да трае 15 минути, но траеше нешто повеќе од 40-тина минути судот одби да го прифати УСБ-то на Јовановски како доказ на денешното рочиште, односно материјалните докази да се изнесат пред сводечењето на сведоците односно вербалните докази.

Денес во судот требаше да сведочат градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, но одбраната не поставуваше прашања поради тоа што не беше прифатено да се изнесат како што велат крунските материјални докази на одбраната.

Адвокатот Сашо Дуковски истакна дека меѓу доказите се наоѓа изјава на Заев во времетраење од околу 1 минута во која тој отворени ги поддржува проектите на Бојан Јовановски и „Меѓународен сојуз“ и истакнува дека ќе даде 100 милиони евра државна поддршка за истите.

-Во папката од УСБ-то стои изјава подолга од 1 минута на Заев кој наведува дека државата е заинтересирана за градење на такви домови за стари лица и ќе вложи 100 милиони евра.

Јовановски истакна дека на УСБ-то има изјава на оштетените Адријан Амзовски и Силјан Мицевски каде велат дека не биле оштетени од „Меѓународен сојуз“.

Боки 13 загонетна уште едно прашање за мистериозна телефонска комуникација помеѓу него и лица кои даваат поинаква слика на цел овој процес.

Јовановски потврди дека на УСБ-то има докази за Заев, поточно изјава во која тој ги фали проектите на „Меѓународен сојуз“ и истакнува дека истите се владин интерес.

За крај тој посочи дека поседува докази за комуникација со некогашниот Генерален секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски кој според него е човекот кој ги измамил Јовановски и останатите обвинети, но и Амзовски и Мицевски кои се појавуваат како оштетени.

-Важно е да биде изведена пред судот комуникацијата со Кирацовски кој пружал поддршка во реализација на проектите дотолку повеке што токму тоа лице не има нас измамено, а не ние други да имаме измамено, вели Јовановски.

Она што е интересно е што во предметот помеѓу обвинетите е и поранешниот висок функционер на СДСМ, но и заменик претседател на Собранието, Фросина Ременски. Ременски и нејзината одбрана дадоа апсолутна поддршка на рочиштето за изведување на овие докази пред јавност, докази кои во најмала рака ги ставаат во непријатна ситуација, а и инкриминираат дел од нејзините некогашни сопартијци, како што е Заев и Кирацовски.

Она што можеше да се забележи на рочиштетео е недостигот на комуникација помеѓу сопартијците, Петровска и Богоевски и Фросина Ташевска Ременски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This