Кога заложникот ќе се заљуби во својот зарбоеник, стручниот назив за ваквата состојба се нарекува Стокхолмски синдром. Таков е и случајот со таткото и синот Панделевски, Дејан и Цветан.
Иако веќе еднаш беа жртви на рекет од страна на властодршците, по се изгледа дека сопствениците на „Пелистерка“ и довчерашни бизнис партнери на бизнисменот Орце Камчев – со него заедно го водеа бизнисот со ЗИК Пелагонија и Стопанска Банка ад.Битола, за да се спасат себеси од кривичен прогон и затвор, ја нуделе главата на Камчев во замена за нивна слобода.
Според аудио-материјалите кои беа ставени на увид на редакцијата, станува збор за понуда од страна на Цветан Панделевски до бизнис партнер на семејството Заеви, во која сопственикот на „Пелистерка“ предложува бизнис-план за одземање на делот на Орце Камчев во ЗИК Пелагонија, а потоа истиот тој дел да биде предаден во владение и раководење на една од семејните компании на семејството на премиерот.
Според новинарот Зоран Божиновски, разговорот помеѓу Панделевски и бизнисменот близок до Заеви е снимен, а снимката која беше ставена на увид пред нашата редакција трае еден час и четириесетина минути. Според истиот новинар, снимач е Зоран Милевски – Кичевскиот.
И, има што да се слушне.
Но, за да се спасат од затвор, не само што газдите на „Пелистерка“ ја нуделе главата на Орце Камчев и дел од ЗИК Пелагонија, тие се понудиле и лажно да сведочат во предметите против скопскиот бизнисмен. Понуда која е испратена на „разгледување“.
Според неофицијални информации, аудио снимки од вакви преговори вкупно има 12. а во една од овие се зборува за сценарио во кое на мета би се нашла Стопанска Банка ад.Битола.
Двата обиди кои произлегуваат од ваквото сценарио веќе се осуетени, а минатата недела акламативно Управниот одбор на ЗИК Пелагонија изгласа нов Извршен директор и тоа претставник од Орка Холдинг. За да биде бизнис-победата дотолку поубедлива, битолчани во целост застануваат зад одлуките на Камчев.
Со ова уште еднаш се демантирани тврдењата на Зоран Заев дека тој никогаш не бил дел од рекетарско сценарио.
Аудио-снимки од овие криминални преговори, во кои се подготвува егзекуција на бизнисменот Камчев и неговите компании кои вработуваат повеќе од 3.000 луѓе веќе се најавуваат на социјалните мрежи.
A.Митовски