April 26, 2024, 10:29 am

Kооснoвaчкa нa кoмпaниjaтa кoja ja пpoизвeдyвa „Фajзep“ – Кopoнaтa ќe ocтaне co нac yштe нeкoлкy гoдини…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коосновачката на фармацевтската компанија „Бионтек“, Озлем Туречи, рече дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години.

Во изјава за американските медиуми Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови видови.

„Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, само по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот“, рече Туречи.

Таа, исто така, изјави дека вакцините на „Фајзер“ можеби нема да го заштитат населението од нови соеви на коронавирусот во иднина, и дека сите во компанијата мора да бидат подготвени за таква иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита.

„Коронавирусот започна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане тука меѓу нас уште неколку години“, рече таа.

Основачите на компанијата „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Туречи се вклучени во развојот на вакцината против коронавирус од самиот почеток, а нивните напори беа препознаени на крајот на март оваа година кога го добија највисокото германско признание за развојот на вакцина против коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This