Kој ќe oдбиe, kaзнa од 10.000 дoлapи: Ќe ce пpeтpecyвaaт кoнгpecмeнитe нa влeз вo Капитол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави дека сака да им изрече казни до 10.000 американски долари на пратениците кои ќе одбијат да минат низ скенер за оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот.

Детекторите за метал во вторникот вечерта беа поставени на влезот во Претставничкиот дом кога конгресмените дискутираа за импичментот на Трамп поради упадот во Капитол, по што пет лица беа убиени.

Неколку републикански конгресмени биле забележени како ги заобиколуваат детекторите за метал, додека други се жалеле за причината за инсталирањето, соопштија британските медиуми Ројтерс.

Пелоси најави дека кога Демократското мнозинство ќе се врати во Домот по 21 јануари, тие ќе изгласаат задолжителни казни за конгресмените кои не сакаат да ги следат правилата: 5.000 американски долари за првиот прекршок и 10. 000 долари за вториот прекршок, и таа сума ќе им биде одземена од платата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This