Kaкoв тaткo, тaкoв cин..: Taткoтo нa Бeливyк co 6omba ce paзнeл ceбe cи и нeгoвaтa мajкa и бaбa..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на Веља Невоља, лидерот на озлогласениот клан Беливук, Небојша Беливук пред 26 години извршил масакр во семејниот стан во поширокиот центар на Белград.

Како што пишуваа медиумите во 1995 година, Небојша Беливук (34) активирал експлозивна направа на 13-ти февруари и се самоубил, а загинале сопругата Бранка (31) и нејзината мајка Мирјана Младеновиќ (55). Во тој момент во станот бил свекорот на Небојша, како и свастиката, кои биле повредени, а во станот покрај нив биле и деветгодишниот Веља и уште едно дете. Тие за чудо ја преживеале разорната експлозија.

Тешка трагедија се случи во станот на семејството Беливук, на 16-ти кат од зградата. Небојша Беливук, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка загинаа при експлозија на рачна граната, додека свекорот Ратко и свастиката Драган беа тешко повредени – пишуваа весниците пред 26 години.

Имаше силна експлозија. Мислев дека лифтот се исклучи. Истрчав од станот и видов ужасна глетка. Вратата од станот на Беливук беше целосно скршена со рамка. Од нивниот стан се креваше пожар и чад, се слушаа стенкања и лелекања – изјавил еден сосед.

Жителите на оваа зграда сè уште ја паметат трагедијата. Самиот Вељко Беливук зборуваше за тоа дека пораснал без родители на судењето во кое беше обвинет за нападот врз директорот на ФК Партизан, Милош Вазура во 2016 година.

Како што објаснил Беливук, човек од обезбедувањето на Вазура му ја колнел мртвата мајка…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This