March 28, 2024, 11:26 am

Kaпитaлнитe пpoeкти вo фoкycoт нa coбpaниcкaтa pacпpaвa зa peбaлaнcoт нa Бyџeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со меѓусебни обвинувања за реализацијата на капитални проекти пратениците од власта и од опозицијата ја продолжија попладневната расправа по ребалансот на Буџетот за 2021 година, на првиот од вкупно петте дена колку што ќе трае собраниската дебата. Пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека  тој ќе придонесе за здрава економија и здраво општество, додека според претставниците на опозицијата ребаланост само ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ги осиромашни граѓаните.

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО ДПМНЕ потсети на владиното ветување за 500 евра просечна плата или 600 евра до крајот на мандатот, посочувајќи дека актуелните 28.000 просечна плата се далеку од ветените 36.000 денари. Таа укажа дека во делот на ребалансот за гасификација конкретно нема никакво зголемување, бидејќи износот од 140 милиони денари е ист како буџетот за 2021 година.

„Основниот буџет на Министерството за образование и наука се намалува за 0,24 отсто или скоро 55 милиони денари. Најголем дел од ова кратење се должи на ставката средно образование, а се кратат средствата кај сите Универзитети, освен кај Универзитетот во Штип. 36 милиони денари помалку се предвидуваат за инвестициите во образованието. Најголем дел од ова намалување отпаѓа на ставките за изградба на основни и средни училишта, додека се крати и од ставките за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Скоро 14 милиони денари се кратат од буџетот за наука, а 18 милиони денари има помалку и за ставката за интеграција во ЕУ“, рече пратеничката Пешевска и додаде дека катастрофална била дури и реализацијата на мерките за ублажување на последиците од корона пандемијата чија искористеност била под 50 отсто.

Пратеничката Лидија Тасевска од СДСМ, реплицираше дека актуелната Влада преку шест пакет мерки во вкупна вредност од 1,6 милијарди денари, креираше спас на работните места и враќање на парите кај граѓаните.

„26,8 милиони евра, преку платежни картички завшрија кај граѓаните преку мерката ‘Купувам домашно’. Направивме и финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен со 79,8 милиони евра поддржани се околу 120.000 наши сограѓани.

За пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири, релизацијата на капиталните инвестиции потфрли, бидејќи како што рече за шест месеци биле реализирани едвај 28 проценти, што според него остава сомнеж дека предвидената реализација од 70 отсто до крајот на годината е невозможна. Тој рече дека особено загрижуваат превидените расходи од државната каса.

„Има 150 проценти пораст на буџетската ставка купување на мебел, имаме пораст на стоки и услуги имаме пораст на договорни услуги, значи овде е нашата загриженост“, рече Азири.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, од своја страна посочи дека капиталните инвестиции воглавно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11 проценти за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти.

Претходно пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски алармираше дека со зголемување на цената на нафтата и струјата, секое домаќинство годишно ќе плаќа по долопнителни 500 евра од семејниот буџет. Стојаноски рече дека со рекордно скроениот буџетот од 4,37 милијарди евра, дефицитот ќе се покажи за 180 милиони евра што директно ќе го осетат граѓаните преку плаќање на даноци и повисоки цени за купување на производи.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски  пак истакна дека економијата полека заживува, а показател на тоа според него е растот на извозот кој во вториот квартал достигнал 763 милиони евра што е за 140 проценти повеќе од минатата година, или споредено пред пандемијата 27 отсто повеќе од 2018 година.

Расправата за прекројувањето на јавната каса ќе продолжи утре. Собраниската дебата за буџетот може да трае најмногу пет работни дена.

Со предложениот ребаланс на Буџетот приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2021 година. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет. Дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП.

Зголемување има и кај капиталните расходи за 6,5 милијарди денари и се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари.

Извор: novatv.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This