March 28, 2024, 11:04 pm

Kaтacтpoфa: Bo нoeмвpи yштe 1.419 нeвpaбoтeни, вкyпнo ги имa нaд 155 илjaди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 1.419 лица е зголемен бројот на невработени само во ноември годинава, а од нив 523 биле вработени, па останале без работа.

Ова е најмала загуба на работни места поради корона-кризата од март наваму, со оглед на тоа што досега месечно по повеќе од илјада работници си заминуваа од фирмите. Малата бројка на изгубени работни места во ноември може да се поврзе со податокот дека во тек е реализација на мерката државна помош за платите на вработените, поради чие користење компаниите не можат да делат откази. Исто така, се овозможи ваква помош да добиваат и работодавците кои ги враќаат на работа претходно отпуштените работници.

Со ноемврискиот прилив вкупниот број невработени кои активно бараат работа според најновите податоци на Агенцијата за вработување се искачи на 155.218, што е за 50.809 повеќе отколку на почетокот на годинава и за 47.486 илјади во однос на март, кога кај нас се воведоа првите вонредни мерки поради пандемијата на ковид-19. Пресметките на Агенцијата за вработување покажуваат дека во периодот на криза без работа останале 16.381 лица кои претходно биле вработени.

-Со состојба на 30.11.2020 година евидентирани се 16.381 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид-19 вирус, појаснуваат од Агенцијата.

Податоците на Агенцијата за вработување за приливите и одликите на работната сила меѓу другото покажуваат дека во ноември прв пат како невработени се пријавиле 1.034 лица, а 3.049 биле избришани од евиденцијата на невработени затоа што засновале работен однос.

Во ноември, втор месец по ред годинава расте и бројот на пасивните баратели на работа. На крајот на минатиот месец ги има 87.701, што е за 1.769 повеќе отколку во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This