December 9, 2021, 7:49 am

Kaзни за родителите на нeвоспитаните деца: Кина воведува нов закон за семејно воспитување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинескиот парламент ќе разгледа закон за казнување на родителите доколку нивните деца се однесуваат многу лошо или направат кривично дело.

Според новиот предлог-закон за семејно воспитување, во случај на многу лошо или криминално однесување на децата нивните родители ќе добијат предупредување и ќе треба да поминат низ програми за семејно образование.

„Има многу причини зошто адолесцентите се однесуваат лошо, но главната причина е несоодветното семејно воспитување“, вели Жанг Тијевеј, портпарол на законодавно-правната комисија на Националниот народен конгрес (НПЦ).

Предлог-законот, кој ќе се дискутира на состанок на комисијата оваа недела, исто така ги повикува родителите да им овозможат на своите деца време за одмор, играње и вежбање, пишува „Ројтерс“.

Оваа година Кина почна жестока борба против зависноста на младите од онлајн-игри. Така, во текот на изминатите неколку месеци кинеското Министерство за образование го ограничи времето за играње видеоигри на интернет на еден час во петок, сабота и во недела.

Властите, исто така, загрижени поради големиот образовен товар за децата, го намалија обемот на домашни задачи и забранија воннаставни активности по главните школски предмети за време на викендите и празниците.

Во исто време, тие ги повикаа младите кинески момчиња да бидат помалку женствени, односно помажествени, a училиштата да промовираат повеќе спортски активности, како што е фудбалот.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This