December 8, 2021, 3:47 am

Kaзнa oд 400 евpa зa бaкнeж бeз мacки нa yлицa вo Милaнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојка во Милано е казнета со 400 евра за непочитување на мерките за заштита од пандемијата на коронавирус.

Момчето и девојката се бакнувале на улица, откако претходно ги тргнале заштитните маски, со што ги прекршиле рестриктивните мерки воведени во Италија за заштита од COVID-19.

Тие рекле дека откако се бакнале на улица тргнале кон еден ресторан, кога одеднаш биле опколени од полицијата, пишува британски Daily Mail.

Момчето е Италијанец, а девојката е од Полска, а се свршени две и пол години. Но, иако се обиделе да им го докажат тоа на полицајците, сепак морале да платат казна затоа што имале различни адреси на живеење во документите за идентификација.

Така, откако ги идентификувале, полицајците ги казниле двајцата со 400 евра, за непочитување на задолжителните мерки за носење маски и одржување на растојание од еден метар.

Двајцата подоцна им покажале на полицајците докази со кои потврдиле дека се во долга врска и објасниле дека во моментот на бакнежот биле сами на улица, но тоа не помогнало. Казната си ја добија бидејќи според законот, тие мора да бидат регистрирани на иста адреса.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This