September 18, 2021, 9:20 am

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари – информираат од владината прес служба.

Веднаш на ФБ се јави пратеникот и еден од браќата тренери на Дејан, Дарко Костоски, кој напиша дека тие како тренери се откажуваат од премијата и истата да биде доделена целосно на нашиот олимписки вицешампион.

“Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ).

ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Дарко Костовски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Земјoтрес синоќа го пoтрeсе Лос Анџелес и околината

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Лос Анџелес и околината, објави Американскиот сеизмолошки...

More Articles Like This