December 9, 2021, 10:58 am

Kaтacтpoфa: Дoдeкa нapoдoт нe мoжe дa вpзe кpaј co кpaј, бaнкитe нe ycпeaлe дa пyштaт пapи нa oкoлy 90 oтcтo oд пpимaтeлитe нa финaнcиcкa пoмoш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банките успеале да пуштат пари на околу 90 отсто од примателите на финансиска помош од 6.000 денари, а за да ги исплатат останатитите пари инсистираат на законски измени со кои ќе се поместат роковите во кои се дозволува исплата на помошта. Датумот беше 25 декември и истиот стои во Законот за финансиска помош, па од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека може да исплатуваат само по измените.

До 25.12.2020 година банките вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните. Во овој краток период успешно беа исплатени над 90 отсто од корисниците на финансиската помош. Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека нашите членки – банките, како и досега,  подготвени се со сите свои ресурси да излезат во пресрет на проектите од јавен интерес, а посебно на оние кои се наменети за социјално ранливи категории граѓани. Притоа, секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи. Во таа смисла, после истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на  сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се  направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови, стои во известувањето од МБА.

Како и досега банките при исплатата максимално ќе се заложат за заштита на здравјето на сите корисници на банкарски услуги, особено на повозрасните граѓани.

Latest News

(Видео) Ковачки: Институциите молчат за скандалот со 1 тон дрога на скопскиот аеродром, но и за пасошите за нарко-мафијашите, пробиената акција Планина, заплената на...

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром...

More Articles Like This