March 29, 2024, 10:46 am

Kaцapcкa oткpивa: Албанскиот jaзик ќe влeзe и вo Уcтaвeн cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добрила Кaцарска, новоизбраната претседателка на Уставен суд, во емисијата „Трилинг“ денеска откри дека во оваа судска инстанца е пристигната опомена да се постават табли согласно Законот за примена на јазиците.

„Законодавниот дом ги носи законите, а граѓаните се должни да ги почитуваат законите. Следат и казни, зарем треба да платам 5.000 евра. Не се работи само за парите, но би се чувствала срамно. Не сум казнета ниту прекршочно, а возам од 18 години.

Опомена во Уставниот суд е стигната, затоа што не се променети таблите. Во Уставниот суд нема систем за електронско евидентирање на вработените, што е законска обврска. Набавката е во тек на овој систем.

Се што е пропуштено, јас ќе го направам, без разлика дали мојот рејтинг со тоа ќе се намали или зголеми.

Јас не треба да барам согласност, за да ги променам таблите иако ги запрашав судиите дали сакаат да дискутираат за тоа. Ниту еден судија немаше ништо против.

Јас сум прва меѓу еднаквите и имам организациски обврски. Не ме интересира дали тоа ќе му одговара на некоја политичка елита или не“, рече Кацарска во „Трилинг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This