April 16, 2024, 12:13 pm

Kaдe oтидe cвeтoт?: Иckpшил 201 гpo6, yкpaл 400 ypни, а дoмa мy нaшлe 3.000 кocки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крадец признал дека од 2017 година, после смртта на неговата мајка, откако се чувствувал осамен и додека го надгледувал нејзиниот гроб, добил идеја да ја скрши урната и да украде пепелта.

53-годишниот маж од Франкфурт досега украл повеќе од 300 урни и илјадници коски, а сега јавното обвинителство покрена обвинение против него, за сериозна кражба и нарушување на мирот на мртвите, објави Билд.

Тој исто така ги замолил чуварите да го вработат како градинар на гробиштата, но не успеал во тоа, па одмаздата била уште еден мотив за кражбата затоа што со своите постапки сакал да го оштети градот Франкфурт.

За две години, тој искршил 201 гроб на гробиштата во неколку области. Неговиот плен бил околу 400 урни, наводно во станот чувал повеќе од 3.000 коски.

Полицијата му влегла во трага на човекот со помош на надзорните снимки.

Крадецот конечно беше идентификуван есента 2019 година, а истрагата заврши со претрес во неговата куќа минатата година. Веќе во мај 2020 година, тој беше осуден за 70 прекршоци, но сега казната му е сменета со две години условно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This