Kaко во кoмyнизмoт: Дpaчевчани ги гyбaт свoите имoти пopaди гacoводот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гасификацијата на Скопје во Драчево создаде сериозни проблеми за граѓаните кои напоменуваат дека немаат добиено ниту експроприација за одземеното земјиште, ниту пак некој ги конслутирал.

Тие напоменуваат дека се работи за околу 100-тина плацеви за кои државата нуди смешна цена под пазарната, а дел од граѓаниет немаат добиено воопшто никаква понуда за експропријација.

-Немаме разоварано со никого, се работи за околу 100-тина парцели низ коиминува трасата. Има три различни ситуации околу тие парцели, првата е што сопствениците на многу мал број од тие парцели имаат добиено решение за експропријација и се имате согласено само тројца сопственици на експропријација, останатите не се согласуваат бидејќи цената за експропријација која е понудена е смешно ниска и е под пазарната цена на овие парцели, вели гневниот граѓанин.

Дел од парцелите се во постапка за приватизација, но постапките се одолговлекуваат повеќе од 10-тина години велат граѓаните.

-Вториот проблем е што станува збор за парцели кои се уште не се приватизирани до крај, за нив тече постапката за приватизација. Ние имаме поднесено барање за приватизација дури во 2010 година, кај нив стои дека на парцелите е сопственик Република Македонија и овие граѓани немаат добиено никакво известување за експропријација, додава тој.

Третиот проблем е кај оние граѓани кои немаат доставено барања за приватизација на плацевите кои дефакто се во нивна сопственост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This