Kaко дел од прославата на 30 години независност: Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа година Република Македонија бележи јубилејни 30 години независност, сувереност и самостојност. Изминатите 30 години Македонците и Албанците имаат испишано историја со својот придонес во општеството и во државата. Во текот на долгиот пат на создавањето на општеството во кое живееме денес, голем придонес имаат и Албанците кои живеат и творат во Република Македонија, кои имаат оставено траен белег во историјата на Македонија со својот удел во секој сегмент од државата.

Овој настан е подржан од Владата.

Хомогениот живот на различни култури кои живеат на една подлога е причината за денешниот препознатлив македонски мултикултурен живот кој е мешавина од различни верувања, јазик, творење, култура, традиција, а кои функционираат на таков начин да сите коцки се наредат и да го направат денешниот продукт, Република Македонија.

Како дел од прославата на 30 годишнината од независноста на Македонија, ќе се одржи шест неделниот настан за промоција на проектот Заеднички Темели кој е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега”.

Во текот на шестнеделните настани, ќе бидат промовирани краткометражните филмови кои што се снимани на многубројни теми од: книжевноста, филмот и театарот, спортот, јазикот, ликовна уметност и албанска традиција и соживот, со видни албански личности истакнати во своето поле кои дале придонес во изминатите 30 години од независноста на Република Македонија.

Следователно на филмовите кои ќе бидат проследени, ќе следат и обраќања на истакнати дејци на разноразни теми од соживотот во РСМ, како што се предизвиците од мултикултурно општество, развојот и успесите на Албанците во независна Македонија, трагот и белегот на Албанската книжевност од осамостојувањето до денеска. Целокупните настани ќе бидат заокружени со мала коктел забава со истакнати албански музички изведувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This