Kaко мал Kapaкачанов не го гушkaле: Maкедонците ги caкаат caмо Cpбите и Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија ќе му даде согласност на Скопје да започне преговори за влез во Европската унија кога Северна Македонија ќе престане да го учи населението да ги мрази Бугарите и сите други, да ги сака само Белград и Србите, рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој рече дека Бугарија не стави вето на почетокот на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ. Според неговото мислење, ставот на Софија е дека им се дава време на соседите да се подобрат – пред сè да се ослободат од говорот на омраза кон Бугарите.

Каракачанов го истакна фактот дека во македонските учебници има многу искривени и навредливи информации за бугарската историја.

Рековме дека ќе дадеме согласност за почеток на преговори кога ќе се подобрат и кога ќе сфатат дека не смеат така да се однесувате со соседите со кои, како што тврдат, имаме заедничка историја. „Не смеете да започнете да ги учите децата да ја мразат Бугарија од прво одделение“, рече министерот за Бугарската национална телевизија.

Каракачанов го посочи примерот, односно се повика на зборовите на аналитичарот Арсим Зеколи, кој за Дојче веле на македонски напиша дека Македонците имаат цела низа навредливи изрази за Бугарите, Грците, Албанците и Турците, но ниту еден – за Србите.

Тој пишува, вели Каракачанов: Бугарите се во право. Тука, населението е научено да мрази уште од времето на Југославија. Населението е научено да ги мрази Бугарите, Албанците, Грците и да ги сака – само Белград и Србите. Сите други треба да бидат мразени, го цитираше Каракачанов Арсим Зеколи.

Во врска со ова, бугарскиот вицепремиер посочи дека Македонците не смеат да ги учат првачињата во училиштата дека Бугарите се еден вид татарско-монголско племе, кои кога пристигнале на Балканот, наводно правеле само злодела и гадости за да ја окупираат Македонија. Исто така, според него, не треба да се учат децата дека Бугарите биле фашисти, убијци, дека Цар Самоил не бил Бугарин, туку Македонец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This