Kaкo ќe изглeдaaт Koвид-пacoшитe, и кoгa дa ги oчeкyвaмe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето земји од Европската унија се согласија да го олеснат патувањето со воведување на дигитален сертификат за вакцинација, додека невакцинираните лица ќе можат да патуваат со негативен ПЦР тест. Како ќе функционира сето тоа?

Сертификатот за вакцинација ќе биде во дигитална форма, нема да биде физички документ кој се вади во институција.

Иако основната идеја е да се овозможи проток на луѓе во Европската унија, се очекува дека овој сертификат наскоро да важи за целиот свет. Оние кои се вакцинирани ќе имаат QR-код, кој со скенирање ќе можат да ги добијат сите релевантни информации.

Меѓународната асоцијација на авиокомпании веќе започнува со дигитални сертификати, односно дека некои компании веќе имаат Travel-Pass. Кога станува збор за ЕУ, тие најавија дека ќе требаат околу три месеци да се среди сè, бидејќи оние кои го скенираат кодот треба да добијат само релевантни здравствени информации.

Ризикот од инфекција со коронавирус не спаѓа во патничко осигурување, но веројатно ќе мора да биде услов за влез во некои земји.

Невакцинираните лица веројатно ќе можат да имаат негативен ПЦР-тест кој ќе биде доволен. Но, што кога патувањето трае повеќе од 24 часа или 48 часа?

„Во тој случај, можно е да се направи ПЦР-тест на самото место. Повеќето земји бараат ПЦР-тест не постар од 72 часа, но секако е можно, доколку истече, да се направи таму каде што ќе слетате“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This