Kaндидaтoт нa ВМРО-ДПМНЕ зa Охрид Кирил Пeцaков: Гapaнтиpaмe пpoeкти зa пpoмeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гарантираме проекти за промени, проекти за победа. Наша главна одлика се аргументите за изборните програми. Наредните денови нека бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид. Имаме план за Охрид и знаеме како градот треба да се развива наредните години, со знаење и програма во која се реално остварливи проекти, им порача денеска на охриѓани Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков на граѓаните им порача преку изборите да се одбере иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што заслужуваат, промена на постоечкиот систем на вредности, проекти за развој, за грижа, проекти што ќе го приближат Охрид до европските градови.

Победа на духот над малодушноста, верба во квалитетот за нашиот народ и сите етнички заедници. Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација, економски силна општина, буџет креиран од граѓаните согласно нивните потреби. Нови инвестиции, нови работни места, економски раст, развој на стопанството, рече Пецаков.

Притоа тој ги повика граѓаните да одберат светла иднина, да гласаат за Коалицијата „Обнова за Македонија“ за победа уште во првиот круг на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This