Kaнцepoгeни гacoви oд зaпaлeни гyми и плacтикa: Штипска фирма ги тpye гpaѓaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот инспекторат за животна средина извршила вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декeмври минатата година по преставка на Министерството за одбрана поднесена на шест дена претходно, за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак.

Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30.09.2020г. но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата ВД Директорка Ана Петровска. Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 км од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола број УП I бр.18/17-136 во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројката или начинот на складирање на суровините и готовиот производ. Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролиза на 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење (базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники, со систем за автоматска декомпресија, автоматско празнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти. При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици -стои во соопштението на Државниот инспекторат за животна средина.

Според нив, на локацијата било видливо дека складирањето на готовиот производ и суровините не се врши на соодветен начин. Течното гориво добиено од горење на гумите се чувло во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност.

Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата. Управиителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација. Поради сите утврдени пропусти, Државниот инспекторат за животна средина даде Предлог до општина Штип (која ја издала дозволата) за одземање на Б интегрирана дозвола на погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП – велат од инспекторатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This