Kaнaдcки eкcпepти пpeдyпpeдyвaaт: Bakцинaтa на “Астра3eнека” дa нe ce дaвa нa лицa пoд 55 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација, кој го надгледува спроведувањето на кампањата за вакцинација против коронавирус, препорача вакцината од „Астразенека“ да се прекине и да не се дава на лица помлади од 55 години и побара нова анализа на ризикот од оваа вакцина заснован врз возраста и полот.

Овој потег доаѓа како резултат на извештаите од Европа за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, крварење и во некои случаи смртни случаи по вакцинирањето, особено кај помладите жени.

Не се пријавени такви случаи во Канада а се користени приближно 307.000 дози од вакцината на „Астразенека“.

„Од она што го знаеме, е дека постои значителна неизвесност во однос на придобивките од користењето на вакцината од „Астразенека“ против коронавирус кај луѓе под 55-годишна возраст“, ​​се вели во писмената препорака на НАЦИ.

Постарите лица се изложени на поголем ризик од хоспитализација и смрт поврзана со болеста од Ковид-19, а компликациите се чини дека се поретки во оваа возрасна група, така што на нив може да им се понуди вакцината но претходно ако добро се информирани и со нивна согласност, велат независните експерти на НАЦИ.

Водени од овие препораки, одборот на водечки здравствени службеници, кој вклучува регионални и федерални претставници, соопшти дека ќе престане да ја користи вакцината на „Астразенека“ за лица под 55 години.

Комитетот додаде дека за одлуката се воделе од фактот дека Канада има и на располагање вакцини од други производители, а повеќето администрирани дози доаѓаат од „Фајзер“ и „Модерна“.

Околу 11,8 проценти од Канаѓаните примиле барем една доза од вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This