April 25, 2024, 12:50 am

Kaтacтpoфaлнo: Македонија ja пpecтигнa Кина пo бpojoт нa пoчинaти oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако одамна ја помина според бројот на заболени од Ковид-19, Македонија денеска ја престигна Кина и по бројот на починати поради компликации предизвикани од коронавирус!

Со новите 22 смртни случаи во последното деноноќие за вкупно 4.650, Македонија сега има 14 починати повеќе од земјата во која почна пандемијата во последниот ден од 2019 година, а во која денеска не е регистриран ниту еден фатален исход.

Македонија има 150.274 позитивни на Ковид-19 досега, од кои 564 во последните 24 часа, наспроти 90.575 вкупно во Кина, од кои само 9 во последното деноноќие.

Според Обединетите нации, Македонија лани имала 2.083.374 жители или 0,03 проценти од светската популација, а, Кина 1,439 милијарди или 18,47 отсто од населението на планетата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This