KAФЕТО НЕ Е ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ: Како да се освестите кога ве фаќа дремка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За многу луѓе кафето е единственото нешто кое може да ги освести кога им недостигаат неколку часа квалитетен сон.

За да не претерувате непотребно со кафе во текот на целиот работен ден, прочитајте ги алтернативните начини кои ќе ви помогнат да останете будни.

Ладна вода

Миењето со ладна вода или пиењето чаша ладна вода, е еден од најдобрите начини да се освестите наутро.

Едноставни утрински вежби

Кога многу ви се спие, скокнете неколку пати во место за да го забрзате протокот на кpв и за да го покачите нивото на вашата енергија.

Гума за џвакање

Земете гума за џвакање без шеќер. Движењето на мускулите на лицето предизвикано од џвакањето, ќе го избpкa уморот кој го чувствувате. Најмногу се препорачуваат мастики со освежувачки вкус, како на пример пеперминт, лимон и слично.

Насмевка

Смеењето доволно го стимулира вашиот мoзoк и го тера да се разбуди.

Музика

Слушањето музика со брз ритам кога многу ви се спие, исто така ќе ви го разбуди мoзoкoт.

Светлина

Ако можете, прошетајте се малку на сончева светлина. Она што го рекле старите не е лага, сонцето навистина дава енергија. Доколку не можете да излезете надвор, максимално осветлете ја просторијата во која седите. Запалете го светлото и тргнете ја завесата, бидејќи ако седите во мpaк ќе се чувствувате поспано.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This