Kaшa-пoпapa: Србин ce вakциниpaл co Фајзер, a ce peвakциниpaл co кинecката вakцинa – “He ce чyвcтyвaм бaш дoбpo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жител на Врања, стана засега единствен исклучок во националната кампања во Србија кој примил две дози вакцина од различни производители, соопшти српските медиуми.

Врањанецот Слаѓан Антиќ е вакциниран со вакцината на Фајзер –Бионтек, а кога со посредство на е-системот добил СМС да се ревакцинира во локалната спортска сал, примил кинеска вакцина од Синофарм, објави порталот инфоВрањски.

Антиќ за тој портал рече дека на 28 јануари ја примил првата доза од Фајзер вакцината, а потоа по грешка е ревакциниран со доза од кинескиот произведувач.

На лекарите, вели тој, им го покажал својот картон за вакцинација и разговарал со лекарот, а после тоа медицинската сестра му аплицирала кинеска вакцина.

Во еден момент лекарот му рекол дека „кинеската вакцина добро штити“, поради што се побунил објаснувајќи дека веќе е вакциниран со Фајзер, но му објасниле дека во тој момент немале од американско – германската вакцина.

Следувале низа консултации на локално ниво и со националниот Институт за јавно здравје Д-р Милан Јовановиќ Батут и Антиќ ја добил терапијата, но тврди дека „не се чувствува добро“.

Инаку Србија е меѓу водечките земји во светот по бројот на вакцинирани на милион жители и кампањата за имунизација се води низ електронски систем на државно ниво, а досега се искористени повеќе од 1,4 милиони дози, од кои втора доза примина 512.000 српски граѓани.

Со испораката на 100.000 дози Спутник V Србија надмина два милиони набавени дози, потврди премиерката Ана Брнабиќ и најави дека на 5. Март од Кина стигнуваат уште 500.000 дози на Синофарм.

„Ние со вакцините немаме проблем“, рече таа.

Во Србија до неделата попладне се регистрирани 459.259 случаи на зараза со коронавирус, а официјално се пријавени 4.443 смртни случаи, додека последните денови се забележани и над 3.000 новозаразени на дневно ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This