KABГА ВО СДСМ ЦЕНТАР: Белчева поднесе ocтавка на функцијата претседателка на Советот на општина Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јана Белчева поднесе оставка на функцијата претседател на Советот на општина Центар, објави „Скопско ехо“, а деталите и образложението на оставката ќе бидат соопштени подоцна.


Но, причините за оставката сигурно треба да се бараат во она што се случува околу одржувањето на денешната седница на Советот на општина Центар. Околу 13 часот Белчева на својот профил на социјалната мреже Фејсбук објави соопштние во кое потенцира дека се оградува од одлуките кои денеска ќе ги донесе Советот на општина Центар.

Се оградувам од одлуките кои ќе се донесат на денешната седница на Советот, иако дел од предлозите се мои. Се оградувам бидејќи општината дозволи упад во процедурата на закажување продолжение на Седица, одржува Совет кој не сум го свикала и селективно избира кој ќе биде информиран за присуство, напиша Белчева.

Таа додаде дека со постапките денес се заобиколуваат и уредбите на Владата за работа на Советот.

Се нема интерес да се дознае како се спроведуваат одлуките ниту надлежностите на службите во општината, нема интерес да се знае како се реализира буџетот за да се предвидат и предложат приоритетните активности, се нема иницијатива за прогрес, туку напротив, се дозволуваат назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси, потенцира Белчева во објавата.

Советот на општина Центар денеска одржува седница откако минатата недела дојде до одложување на седницата заради несогласувањата околу дневниот ред. По реакција на претседавачот се отвора прашањето на кој начин е свикана седницата.

Таа предупредува дека донесувањето лоши одлуки е најчесто случај ако се преферира групна хармонија над независноста на мислата, над аргументите и анализираните достапни информации.

Групната хармонијата во Центар се потхранува и со неа се тргува, а тоа води кон неефективно донесување одлуки. Таа групна хармонија во Центар не е партиска, нема идеологија, туку е со друга поларизација, па затоа се случуваат екстремни, ризични, конзервативни или назадни решенија. Приклонувањето кон таква групна хармонија значи и лично помирување дека понапредни, поразумни или стручно/научно сугерирани одлуки се невозможни, се наведува во објавата.

Таа додава дека не може да се приклони кон група во која мнозинството не е спремно за прогрес.

Не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум дел од тим без желба за транспарнтност, споделување, но и знаење и информации потребни за да донесат одлуки. Не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту воља за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации, потенцира Белчева.

Белчева наведува и дека мора да се врати довербата на граѓаните.

Донесувањето одлуки мора да биде усогласено не со потребата за власт, за доминација, туку за креирање средина на доверба во институцијата наместо непредвидливост, неинформираност, па дури и несигурност и лутина. Системска трансформација ни е насушно потребна за да ја вратиме довербата и во демократијата и во политиката и во политичарите, особено локалните, како оние во Центар, напиша таа.

 

Колективна „интелигенција„ Демократијата подразбира носење одлуки и политики со мнозинство на гласови во колектив, тим,…

Posted by Jana Belceva on Monday, May 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This