Kako да ги yбeдимe граѓаните сега да ги пoчитyвaaт мерките?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на прес-конференција во Собранието, рече дека 5.тиот сет мерки не се донесени само поради инаетот на власта.

„Владечкото мнозинство работи на штета на економијата и стопанството. Петитот пакет мерки во четвртокот ќе беше гласан, доколку не беше инаетот на власта. Џафери и Заев намерно ги кочеа мерките. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собрание и ќе обезбедат кворум за 36-тата седница. Стопанствениците и граѓаните два месеци чекаат на власта. Петиот пакет мерки дојде во Собрание 19 февруари. Поминаа два месеци. Заев имаше кворум кога сам себе си бараше добрба на влада. Но, тој е кочничар, и создава атмосфера дека некој друг ја кочи работата. Го повикуваме Талат Џафери да ја свика 36-тата седница. Пратнеичката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена, и да се носат закани по директива на Заев“, рече Мицевски.

Мицевски го коментираше потегот на пратеничка на СДСМ со скафандер да пристигне на гласање во Собранието.

„Владеачкото мнозинство води борба за медиумско внимание, на сметка на граѓаните кои не примиле помош. Како да ги убедиме грааните да ги почитуваат мерките, кога пратениците од СДМС и ДУИ ги кршат и мерките и законите за да ги задоволат апетитите на нивниот пи-ар“, рече Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This