KAKO НА XOPOP ФИЛМ: Ужacни условите на деското одделение во Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До редакцијата на Инфомакс пристигна анонимно писмо за состојбата во која се наоѓа детското одделение во ЈЗУ Општа болница Струмица.

Почитувана редакцијо, Од пред неколку денови сум најсреќниот човек на светот. После извесно време ни се род и нашиот син. Иако се роди порано, 33/34 недела од бременоста, му благодариме на Бога сега е стабилно, добро.
За различниот однос, индивидуално, на докторите и медицинските сестри, сега нема да пишувам.

Но Ви пишувам Вам, со надеж дека ќе го објавите овој текст и слики, како би се подигнала свеста за условите и апаратурата во кои се прегледуваат бебињата ( па и оние предвремено родени со неразвиени бели дробови и имунолошки систем )

Инкубатор прелепуван со селотејп безброј пати, веројатно стар 30-40 години.

Се работи со една вага за мерење на тежина, еден топломер за мерење на температура.

При мерење на дишење и не знам уште што ( не сум медицинско лице) мора да се држат силно стиснати со дланките, а мониторот како оној на кого се играше тетрис.

“” Вештачко ” млеко се чува во фрижидер кој е стар преку 30 години и е преполн со разни нешта . Креветчињата се посебна приказна. Душеците сигурно никогаш не се исперани, чаршафите испокинати, гнасни. Со еден збор, катастрофа !

Наместо да биде пример бидејќи тука лежат најмалите, најсаканите, тоа личи како да сме во некоја нецивилизирана бедна земја !

И Ве молам сите Вие кои можете да помогнете на каков и да е начин ( со донација на одредени потребни предмети) да се вклучите, зашто секој има деца, внуци и се надевам за брзо ќе се вразумат сите и ваквите слики повеќе да ги нема !

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This