Kapантинот во Австралија продолжен за уште три недели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиската држава Викторија го продолжи карантинот за уште три недели, иако строгите ограничувања не успеаја да го намалат бројот на нови дневни случаи на коронавирус, пишува Си-ен-ен.

Премиерот Даниел Ендрјус вели дека ограничувањата ќе бидат ублажени само кога 70% од населението ќе ја прими првата доза на вакцината. Тој вели дека тоа се очекува да се случи на 23 септември. Досега, 56% од луѓето на возраст над 16 години ја примиле првата доза.

Викторија во последните 24 часа регистрираше 120 нови случаи, во однос на 76 од претходниот ден, но значително помалку од 1.116 случаи регистрирани во соседен Нов Јужен Велс.

Во Сиднеј е воведен карантин на 26 јуни.

Претставниците на Нов Јужен Велс рекоа дека „патот до слободата е помасовна вакцинација“. Досега, 37% од луѓето во државата се вакцинирани со првата доза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This