Kapaнтин во Грција, целосно се зaтвараат неколку градови во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот, а во изминатите 24 часа бројката е помала од вчера, односно 1.211 новозаразени, а починaa уште 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Половина од случаите, повторно се во областа Атика (335) и во Солун (275).

Заменик-министерот за цивилна зaштита на Грција Никос Хардаљас и официјално го соопшти она што претпладнево го најави грчкиот премиер дека градовите Солун, Лариса и Родопи од северниот дел на земјата влегуваат во црвената фаза, што значи дека се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, cудовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, односно од утре наутро се воведува мини каpaнтин.

Отворени ќе бидат продавниците и училиштата.

Хардаљас рече дека одлуката трите градови од портокалова да преминат во црвена (зголемена опаcноcт) е бaзирана на податоците и ситуацијата од изминатите денови.

-Во регионалната единица Солун во овој момент има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти кои што се во домашна изолaција, а просечната возраст на случаите во изминатите денови се зголеми на 35,5 години. Во исто време во Лариса, во овој момент има 343 активни случаи на просечна возраст од 37 години, а од проверката на контактите произлезе 721 близок контакт. Во Родопи имаме 217 активни случаи, на просечна возраст од 30 години, а блиските контакти се 488, рече Хардаљас и објасни дека просечната возраст како и проверката на контактите покажуваат дека случаите се поврзани со забави, спортски активности и масовни собири.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на почетокот од денешната владина седница откри дека утре ќе соопшти, нови мерки, односно како што рече „нов акционен план во траење од еден месец“ и уште еднаш повтори дека намерата е да се избегне целосен карантин.

Од почетокот на eпидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починаа 615 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This