Kapakачанов очекува цвеќе, леб и сол за дочек на бугарските Bojници во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Красимир Каракачанов , вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија смета дека македонските медиуми ги извртеле неговите зборови за испраќање на бугарски војници во Македонија.

– По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е: ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатор“ – вели Каракачанов.

Според Каракачанов, тоа не е закана, туку предлог за помош како сојузници во НАТО.

А во врска со тоа како бугарската воена единица и војниците ќе бидат пречекани во Македонија, Каракачанов вели:

– Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912, 1918 и 1941 година – со цвеќе, леб, сол и духовна музика.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана пред некој ден изјави дека е спремен да испрати инженерски полк за да ги отстрани спомениците и спомен-плочите во Македонија на кои што пишува „бугарски фашистички окупатор“.

Тој кажа дека услов за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ во декември е да се откаже од тие споменици и плочи, во интервју за бугарско радио и дека тој нема да прифати никаков компромис околу тоа.

„Ако треба ќе им го пратам инженерскиот полк да им помогне да ги тргнат побрзо или ќе им пратам од мојата организација ВМРО, ќе ги тргнат за 24 часа. Не можеме да дозволиме една држава да гради идентитет на база на учебници во кои се вели дека Бугарите биле убијци, фашисти, Татари, окупатори… Држава која со политиката создава национално малцинство во Бугарија и ја загрозува територијалната целост на Бугарија“, изјави Каракачанов, кој е лидер на партијата ВМРО-БНД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This