April 26, 2024, 10:49 am

KATИЉ Е ЕПТЕН ФEPMAHOT: Боки 13 до 23.00 часот бил во Влада кога му кажале дека е пpиjaвeн, ама знаеле и Американците и Бугарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прво, да разјасниме една работа – кривичнот процес против мене кој што го потегна Зоран Заев и оваа „слободарска“ Влада и покрај протестите и повиците на сите релевантни страни задолжени за слободата во медиумите продолжи.

 

Арно ама во оваа прилика би сакал да им се извинам на оние кои што пред време се израдуваа и мислеа дека со тој процес завршиле работа и дека повеќе јас нема да ја објавувам вистината, еве извинете што ви го скршив филмот.

Јавниот интерес секогаш ќе биде приоритет во моето работење.

Е сега да почнеме со „катиљ ферманот“ на сега веќе осудениот Зоран Милевски – што би рекол Заев, Кичевскиот.

Зоран Милевски Кичевскиот уште на првото рочиште се откажа од своето право на одбрана и на прашањето на судијата дали се чувствува како виновен одговори позитивно. Неговот чувство на вина го кошта три години затвор. Но од неговиот исказ навистина не може да се разбере каде и зошто тој се почувствувал виновен- освен во еден дел каде што Зоран Милевски Кичевскиот вели дека Боки многу му се налутил откако дознал дека е пријавен кај премиерот.

Ако судиме по „бомбите“ и врската помеѓу Кичеец и Боки можеби се чувствува виновен затоа што ја нарушил неговата доверба кај неговиот интимен пријател.

Во исказот даден на 19.08.2019-та година под архивски број КОбр. 84/19 Зоран Милевски се претставил себе си како советник на директорот на Орка Холдинг. Објаснил дека е женет, а како што кажа и на подготвителното рочиште и дека е татко на 5 малолетни деца. Од имотна состојба го пријавил само својот автомобил марка „Порше“, но ги изоставил своите парчиња оружје- на број преку 200 парчиња оружје и муниција кои се регистрирани на негово име. Испитувањето на обвинетиот започнало во 12.05 часот.

„Јас бев вработен во Орка Холдинг на работно место советник на директорот. Покрај тоа што бев вработен во Орка јас со Јордан Камчев бев близок пријател, односно тој ми беше како брат“, вели Милевски во првиот пасус од исказот пред обвинителството.

Тој продолжува да објаснува како Јордан Камчев прв пат се сретнал со Боки 13 и тоа во ресторанот на неговата сопруга Ана Камчева. Додека седеле на една од масите заедно со Орце Камчев во „Сушико“ влегол и Бојан и си седнал на друга маса.

„Јордан му мафна да го поздрави Бојан по што тој дојде на нашата маса се поздравија, изгушкаа и Јордан му кажа да седне со нас. Бојан му кажа на Јордан дека треба да разговараат и тоа дека има проект за изградба на домови за стари лица во кои е добро да инвестира Јордан.“, вели Милевски некаде при крајот на првата страница од неговиот исказ.

Ова било прва јавна средба помеѓу Бојан и Орце или поточно прва средба на која Кичеец дознал дека Камчев комуницира со Боки Тредичи. Претходно Камчев и Боки се виделе уште еднаш кога Бојан му предложил уште некои други проекти, но бидејќи не биле сериозни за тоа не го информирал неговиот „брат“ Зоран Милевски Кичеец.

Дека проектите се несериозни се согласил и Кичевскиот кој го советувал Орце да не инвестира бидејќи од нив нема да направи никаков профит. На ова негодувал Бојан Јовановски.

„Бојан кажа во смисла ‘вие си знаете, но добро е да соработувате со мене, позади проектот стои 1 ТВ’“, сведочел Зоран Милевски, но додава дека не се сеќава дали во тој наврат или во некоја друга прилика Бојан кажа дека синот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева работи кај него.

И потоа Зоран Милевски Кичевскиот објаснува како течела комуникацијата помеѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски, објаснува дека Орце Камчев бил подготвен да плати огромна сума за рекламирање во телевизијата 1 ТВ и дека и покрај парите дадени за реклама сепак бил отворен случајот „Империја“.

„На почетокот на месец ноември 2018-та година јас и Јордан заминавме службено за Атина. Додека бевме таму на порталите и тоа сега не можа мда кажам точно дали на Либертас или на Фокус видовме како во јавното обвинителство е отворен предмет за наводно вршени фиктивни операции во Систина“, вели Кичевскиот некаде на почетокот на втората страница од исказот даден пред обвинителството.

Откако започнала истрагата за случајот „Империја“ и откако дознале дека предметот го води Лиле Стефанова, Јордан на Зоки му искоментирал дека некој сака да го намести, а тој нема ништо лошо направено-„Гледаш како сакаат да ме наместат, немам ништо направено, се сум чист и јас сум легалист“.

Набрзо потоа Камчев дознал дека обвинителката Лиле Стефанова има блиски релации со бизнисменот Ванчо Чифлиганец па го викнал да разговараат за тоа каков карактер има обвинителката, на ова Чифлиганец рекол дека таа гледала праволиниски и дека може ама тешко ќе се заврши работа кај нејзе. Така и било. Чифлиганец отишол кај Стефанова и не направил ништо, вечерта во домот на Јордан Камчев влегла полиција и бизнисменот бил приведен.

При приведувањето Камчев му шепнал на Милевски, овој да го бара адвокатот Васко Димишков.

„Вечерта кога дојде полиција Јордан ми кажа да му се јавам на адвокатот Васко Димишков и ми кажа Васко две недел претходно побарал да се види со него. Јас го барав Васко, но не успеав да го добијам на телефон, а исто така го бараше и Ана Камчева. Јордан го однесоа во суд каде што му беше определена мерка притвор.“, вели Кическиот некаде при крајот на втората страница од исказот даден пред јавното обвинителство.

Инаку Васко Димишков е братот на судијката Весна Димишкова надлежен судија во претходна постапка во случајот „Империја“. Димишков беше спомнат во исказот на Ана Камчева како човек кој понудил ценовник за решавање на ситуацијата во врска со „Империја“ барајќи притоа 2,4 или 6 милиони евра само за ослободување од притвор, бидејќи со тие пари требало да се пензионира неговата сестра судијката Весна Димишкова.

Претходно пак Васко Димишков беше споменат и во исказот на Орце Камчев кој објасни дека Васко Димишков преку директорот на Стопанска банка Битола побарал средба со Орце на која што адвокатот се понудил да посредува во комуникација и олеснување на ситуацијата на бизнисменот со неговата сестра Весна Димишкова.

„Сега не можам точно да се сетам дали најпрво се сретнавме јас и Ана Камчева со адвокатот Васко Димишков, но јас ги имам снимено сите средби што сме ги имале јас и Ана со Васко Димишков, колку пари барал, а се работеше за астрономски суми во милиони и тоа само Јордан да биде пуштен од притвор, а кажа дека за судење ќе има друга цена. Јас овие снимени разговори ќе ви ги доставам за да се уверите во вистинитоста на она што го зборувам“, вели сега осудениот Зоран Милевски Кичеец некаде на крајот од втората страница од неговиот исказ.

И тогаш започнале првите контакти помеѓу Милевски и Боки. Милевски се обидувал да го намоли Боки да му помогне, а овој пак го поврзал со Катица Јанева велејќи му дека се си има цена. Околу средбите динамиката на исплаќање и договарање веќе детално е елаборирано и нема потреба да се повторуваме.

Ова што е досега напишано е само илустрација за релевантноста и постоењето на ваквиот исказ на Кичеец, а еве што е битно.

Откако му ги дале парите на Боки во Луј Витон чанта на Боки, Орце Камчев отишол кај премиерот и го пријавил случајот. Зоран Милевски не бил свесен за ваквиот потег на неговиот „брат“ па бил изненаден кога Боки една вечер му се јавил по телефон и му го кажал следното.

„Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил.“, вели Зоран Милевски Кичевскиот на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

И треба ли поголем доказ или поголема индиција обвинителството да слушне глас и да се запраша кој тоа од Влада го информирал Бојан Јовановски дека Орце Камчев пријавил кај премиерот дека е рекетиран. Кога обвинителството на Русковска ќе го повика Зоран Заев да даде исказ, иако не верувам дека тој би бил релевантен во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Како и да е, ако не го повика Вилма тогаш Заев ќе треба да одговора пред некои други наши стратешки партнери.

„Јас следниот ден веднаш отидов кај Јордан во канцеларија му кажав за разговорот со Бојан при што Јордан ми кажа ‘ти уживај треба да кажеш се како што било’ снимаа се Бугарите и Американците се имам документирано како било и ќе видиме сега како ќе заврши „Империја“, вели Зоран Милевски Кичеец на последната страница од својот исказ пред обвинителството.

Она што дополнително импонира е дека Зоран Милевски Кичеец познат во чаршијата како човек кој не се плашел да влезе ниту во физичка пресметка, како човек љубител на оружје бил исплашен при првиот исказ да ја каже вистината пред обвинителството. Замислете човек кој што ги знае валканите игри на голем дел од јавните личности во државата се плашел да ја каже вистината пред обвинителството бидејќи знаел дека тоа што ќе го каже нема да остане само во обвинителството туку ќе биде пренесено кај луѓе од власта кои што потоа би му се одмаздиле.

„И јас кога дојдов првиот пат во обвинителството кога бев повикан не ја кажав вистината затоа што бев исплашен бидејќи на сите средби претходно од почеток Бојан се фалеше со неговите познанства особено со високу функционери од Власта, а исто така со судии и обвинители“, вели на крајот од својот исказ Зоран Милевски Кичеец.

И сега се поставува прашањето кои се тие судии и обвинители кои тајните искази на сведоци и обвинети ги пренесуваат кај луѓе од власта кои ги загрозуваат животите на лица опфатени со истраги за да добија повеќе поени кај премиерот, вице премиерот, министрите и пратениците?

Кои тоа судии и обвинители одаваат службени тајни?

Кои високи функционери од власта го штителе Бојан Јовановски, каде се снимките од разговорот помеѓу Васко Димишков, Ана Камчева и Зоран Милевски?

Дали се во доказните материјали СМС пораките кои ги добивал Кичеец и Бојан Јовановски.

Особено една СМС порака испратена од многу висок функционер на власта до Бојан Јовановски чија содржина има потенцијал да го открие нарачателот на рекетот.

Пишуваат: А. Митовски, М. Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This