KATAСТРОФАЛНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: Вработените по „рамковен“ не се појавуваат на работа, а пред избори распишани нови огласи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во министерството за образование сведочеа промени на десетици Министри во МОН, нови Влади, назначување на нови раководители, разни работни динамики и работна етика. Професионализмот, кадрите и ангажираноста не биле секогаш на највисоко ниво, но за жал од пред неколку години Министерството за образование и наука е падна на најниско можно ниво и повеќе не претставува национална институција која креира политики и која им служи на македонските граѓаните. Наместо професионализација, дигитализација, де-бирократизација, демократизација министерството доживувеа тотална партизација,приватизација, примитивизација и целосно рушење на дигнитетот на вработените во министерството.

Вработените во МОН за Инфомакс велат дека веќе 3 години работат во услови кои не ги задоволуваат ниту минималните критериуми и стандарди за работни услови и работен простор. Работат со застарена ИТ опрема , немаат простор за нормално работење, работни простори, немаат уредна канцелариска опрема и простор за одложување и чување на документите. Канцелариите велат вработените се претворени во мензи а предметите се работат со екстремно доцнење и многу непрофесионално.

Вработените велат дека имаат и замерка за санитарните јазли кои се во тотална девастирачка состојба а ходниците во Министерството се претворени во депонии за електронски отпад, иако секојдневно Министерството е посетувано од домашни и странски посетители.

Работните канцеларии се претрупани и со лимитиран капацитет, додаваат тие, а Министерот Адеми пред неколку дена ангажирал нови вработувања со договор на дело, а пред само 2 дена Владата распишала оглас за вработување на нови 15 лица, иако има вработени кои воопшто не се појавуваат на работа. Ново ангажираните лица се ставаат на работни позиции за кои немаат елементарни образовни и професионални квалификации, вели нашиот извор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This