Koлку поблиску е една импepија до нејзиниот кpaj толку полyди се нејзините закони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kрај… Ако римската империја траеше илјада години, оваа денешнава ќе трае многу пократко.

Не поради нечија вина туку едноставно тоа е последица на динамиката на модерното време. Па така 10 години денес се еквивалент на 100 години пред 2 века.

Крајот на империјата е близу, таа е онаа англосаксонска империја, наречете ја нов светски поредок, наречете ја Америка, наречете ја НАТО – ЕУ како сакате…
Империјата е поредокот кој го живееме денес, а тој се ближи до својот крај.

Цицерон уште во доцната Антика кажал дека што поблиску е империјата до својот крај толку полуди се нејзините закони.

Доволно е да тргнете од промената на името на една држава со цел да се оствари нивната агенда. За пример ги имаме и ковид пропусниците кои се косат со здравствената и било каква логика.

И ќе биде уште полудо и уште полудо.

Големите мигрантски кризи како онаа на американско-мексиканската граница и она што се случуваше во Европа без некој да навредам ги споредувам со инвазијата на „варварите“ кои и тогаш не биле толку лоши колку што некој сакал да ги претстави, но биле премногу за Рим.

Економските проблеми тропаат на вратата, владетелите на Рим биле едни од првите кои од прва рака разбрале за последиците од неконтролираното ковање на пари и проблемите кои ги создава инфлацијата.

Рим имал проблем и со преголемото и нагло ширење на териториите кои ги контролира. Територии кои доколку сакал да ги задржи морал да одвојува средства за одржување на военото присуство. Да потенцирам Америка денес го има најголемиот воен буџет во светот, голем колку буџетите на следните десет најмоќни држави.

Политичката нестабилност ја видовме на американскиот 27 април кога демонстранти влегоа во американскиот Капитол, а корупцијата ја гледаме во колузијата на здравствените власти со биг фарма за време на панндемијата.

Многумина може погрешно ќе ме разберат, но и христијанството како религија имало удел во пропаста на римското царство, не поради религиозните убедувања пер-се туку пред се поради наглата промена на системот на вредности која ја гледаме и денес. Живееме во време кога кучињата се побитни од децата, „животната средина“ побитна од луѓето, а „активистите повеќе“ се секираат за белите мечки на Северниот пол отколку за гладните во Африка.

Она што го одбележува крајот е и декаденцијата.

Кога зборувам за декаденција мислам на уништувањето на семејството како основна градбена единица, клетката на едно општество.

Знаците се пред сите нас, само кој сака да ги види. Четворицата јавачи на апокалипсата јаваат среде Вашингтон ама целиот Западен свет се прави при очи слеп. Последниот договор со кој Австралија, Велика Британија и САД формираат Алијанса АУКУС за да и се спротивстават на Кина многу ме потсетува на сојузите кои ги склучувале Римјаните со цел да го запрат напредувањето на Хуните.

Ова го пишува не дека навивам за некого или преферирам некого. Истиот пат само од почеток ќе го одиме со Кинезите или Русите или со некој трети кои мора да ги поминат сите фази на една империја. Најпрвин ќе бидат морално супериорни и фини, тогаш ќе се случи некој Виетнам и ќе започнат да ги покажуваат крвавите очници, а потоа следува крајот, а тој е секогаш болен.

За иронијата да е уште поголема Цицерон бил еден од омилените филозофи на основоположниците на Обединетите американски држави.

Mузички предлог кој иде со ова писание: The end – The Doors

Линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This