KOЛУMHA HA COTИP KOCTOB: Пpeгoвopи со пoceбни потреби и бapaња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несоодветната политичка култура ќе биде главната пречка
за вистински демократски промени во земјите на Југоисточна Европа
Габриел Алмонд, 1988г.

Сведоци сме на штетни дворски и политички игри и големи утки – промашувања. Политички театар на македонскиот homo politikus. Театар пар екселенс. Зоран Заев – Очајнички ја брка магичната бројка 61. Али Ахмети – Упорно промовира премиер албанец. Сценарист: политиката во највулгарна смисла на зборот. Режисер: вољата на судбината. Главни улоги: Алтер егото бр.1 – Зоран Заев и Алтер его бр.2 – Али Ахмети. А во меѓувреме, гледаме смешни не/допишувања помеѓу претседателите Стево Пендаровски и Талат Џафери, како и несоодветно за една демократија комуницирање помеѓу ДУИ и останатите политички партии од албанскиот кампус, но и помеѓу СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Мирудија, ама како сол на лута рана, се навивачките коментари на поедини аналитичари и колумнисти.
За овие дворски игри на почеток една мала метафорична споредба: Како и да се вртиш, задникот ти е од одзади. А образот, доколку го имаш – однапред. За да ја доловам ситуацијата во која сме западнати, ќе ги споменам и устата и јазикот. Тие напати знаат да бидат пис. Крајно незгодни, но и сурово реални.
И сега, кој што бара, а кој што брани во овие преговори? Образот или задникот? Со пис уста и јазик? Или со морал, достоинство и кредибилитет?
Заев ги доби изборите. Да, бројките го велат тоа. Ама некои демократски и морални вредности, принципи и норми велат и покажуваат нешто друго. Многу поткуп и корупција во предизборието, многу криминално однесување. Сума сумарум изборна аномија која создава аномично општество(на оваа тема нешто повеќе во следната колумна).
Заев, како што ги доби изборите, така експресно ги изгуби преговорите за мандатарство. – Оној момент кога го прескокна ВМРО-ДПМНЕ најблискиот му политички субјект според поддршка од народот – околу 315 344 илјади избирачи или 44 пратенички мандати. Тоа кај Заев е отсуство на политичка култура и не почитување кон овие 315 000 гласачи кои се помалку само за 12 064 гласачи од неговите 327 408 добиени гласачи.
Од Али Ахмети во моментот ја учи лекцијата неопходно поседување на домашно воспитување, т.е. улогата на истиот во креирањето на карактерот и личноста(Славните изјави на Заев “…Албанскиот глас не вреди, тие се продаваат… ДУИ ќе оди во опозиција..“. Од аспект на почит кон соработникот, во случајот соработникот во политиката. Така да, оваа грешка Заев ќе го чинат пораз во преговорите. Не е битно дали ќе биде мандатар на новата влада или не. И досега многу е понижен со отстапките, а отсега па понатаму го очекуваат и салто морале и салто мортале, секако во политичка смисла на поимот, т.е. метафората.
А Али Ахмети нема право на грешка. Тој тоа го знае. Затоа и така се однесува. Па дури, после толку години и проговори на македонски јазик. Тоа кажува нешто. Тој е релаксиран. Ја води играта. Диктира услови. Бара. И тоа многу бара – ептен многу. Заев во улога на давач, треба да даде се. Буквално се! И власта и моќта(премиерското место), за што грчевито, со државен и криминален поткуп се бореше. Но, треба да ги даде и образот и достоинството. Ама и Ахмети треба да знае дека оној момент кога(ако) ќе договори влада со Заев, е само привидно останување во власта. Тоа во суштина е сечење на гранката на која се седи.
Во оваа приказна, тука и сега, задникот(од метафорична споредба од понапред во текстот) е најмала и не битна работа. Зошто? Па затоа што кобајаги едниот многу бара(кобајаги напаѓа), а другиот џоамити ништо не дава(као се брани). Без разлика на резултатот во оваа транге-франге политичка игра, резултатот е, или ќе биде ист. Се е исто, како и досега. Само, говорењето на вистината и моралното однесување во политиката се недостижни вредности и идеали. Не мора да се согласувате со мене. Ова е само мој наратив за тоа што ни недостасува, а толку многу ни е потребно, за да ја живееме демократијата.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This