March 28, 2024, 11:15 am

Koлyмнa на Трифун Костовски: Иcтpaгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани пријатели,

Во неколку наврати ја споменав соспствената истрага околу стечајот на Еуростандард банка која  во континуитет се води. Причина да ја насловам колумната ИСТРАГА е токму барањето на оштетените штедачи да излезам во јавност и да ги обелоденам сите виновници чии дејствија придонесоа банката да отиде во стечај.

Сакам да ве информирам дека истрагата е сѐ уште во тек и се надевам дека истата ќе биде завршена до крајот на оваа година, а можеби и порано.

Сепак, простете ми, но детали околу истрагата неможам да споделам со вас, посебно по ова прашање се обраќам до Оштетените штедачи на Еурпстандард банка, кои јавно ме повикаа да излезам со имиња и институции, вовлечени во овој организиран криминал.

Кодексот кој го прифатив од истражителите за не споделување информации со јавноста го почитувам.

Во врска со мојата приватна истрага само ќе кажам дека тоа ќе биде истрага, комплетно елаборирана со докази и факти и со конкретни имиња кои преку своите фирми и приватни сметки учествувале во овој грабеж.

Од друга страна сакам да го повторам ставот дека пари во стечајната маса на Еуростандард банка има во изобилие, и не е во ниту еден момент доведено под знакв прашање дали правните и приватни лица ќе бидат обештетени. Самиот факт што има средства да се обештетат сите правни и физички лица, говори сам за себе дека банката била солвентна и дека ние како акционери цело време работевме за нејзино опстојување и развој. Дали мораше банката да се носи во стечај? Ова прашање го упатувам до Гувернерот на Народна банка, Госпоѓата Бежоска и целиот нејзин тим, до тогашниот Технички Премиер на Владата на РМ, во времето на носење на банката во стечај, Господинот Оливер Спасовски, до Финансовата полиција и останатите институции на прогонот и судството. Бидете убедени дека банката во ниту еден момент не беше спремна за носење во стечај.

Акционерите и потенцијалните партнери на банката беа на пат да обезбедат секаква финансиска инекција за да остане банката функционална.

Евидентно е дека се работи за тенденција. Ќе наведам само неколку точки кои укажуваат на овој заклучок:

1. Промена на првобитната уредба со сила на закон на Техничката Влада, објавена во Службен весник на 24 март 2020, каде беше суспендирана со исто таква уредба од 29 мај 2020 година, со која беше поништен временскиот период од 3 месеци за покренување стечајна постапка на правни лица по заршувањето на вонредната состојба. Повторувам , единствен правен субјект кој отиде во стечај по вонредната состојба беше Еуростандард Банка.

2. Вонредната состојба траеше цели 97 дена во кој период ни беше забрането од тогашната Техничка Влада да вршиме прислни наплати на побарувања.

3. Од друга страна Гувернерката Бежоска ни го одзема правото да работиме со физички и правни лица, што во превод значи не оставија на сув леб. Не смеевме да наплаќаме доспеани побарувања бидејќи со закон ни се забрани да го работиме овој дел од банкарските постапки. Вонредната состојба, забранувајќи ни ја присилната наплата донесе до влошување на кредитното портфолио.

4. Како е можно да денес во Македонија постои толку спремна организација за затворање на банка како што нам ни се случи, а предходно да не била комплетно организирана. Замислете, во рок од половина час се затвораат главната централа на Еуростандард банка и 340 експозитури низ Македонија. Илјадници луѓе се вклучени во овој процес во затварање на банката и нејзините експозитури. За вака добро оргаизирана акција потребни се средства  и луѓе, ама секако и време.

Врз основа на предното заклучувам дека Еуростандард банка била на нишан многу пред 12 август 2020 година. Да се најде тајминг за носење на банка во стечај во услови на безвластие кога немаме ниту Влада, ниту Собрание на Република Македонија и во тукушто завршената вонредна состојба е чин без преседан во историјата на банкарството. Каприциозноста и незнаењето, Госпоѓата Гувенерка Бежоска треба да си ги држи дома. Обавува функција Гувернер а тоа значи дека треба да биде регулатор во банкарскиот систем и треба да биде од помош на секоја загрозена банка и да бара солуции за нејзино натамошно функционирање. Сатарот кој го употреби Госпоѓата Бежоска за носењето во стечај на Еуростандард банка , убеден сум дека ќе ѝ се врати како бумеранг. Уште повеќе сум убеден дека идентичен бумеранг ќе доживеат нејзините соучесници.

Почитувани, најотворено ги повикувам сите институции на прогонот и правдата во земјава да се занимаваат со мене. Ваквата неизвесност која што владее во моментов во Јавното Обвинителство на РМ, Финансиската полиција и останатите институции на прогонот се само уште еден доказ дека во моментов во Македонија не владее правото и правдата. Не можам уште да се изначудам на фактот што веќе цела година јас во Јавното обвинителство на РМ се водам како осомничен. Јас осомничен! Би сакал да е лош сон, ама за жал тоа е мојата реалност. Животот ме научил да се борам посебно да се борам во тешки моменти. Јас продолжувам.

Пишува, Трифун Костовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This