March 29, 2024, 12:30 pm

Koлyмнa нa Ристо Никовски: ЗАЕВ: Зa jaзикoт и идeнтитeтoт нe ce пpeгoвapa – ОСМАНИ: Пpaшaњeтo зa jaзикoт дa ce peши co двe yнилaтepaлни изjaви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата тотална неписменост и целосен аматеризам во надворешната политика најдобро ги илустрира МНР, Османи. Зборувајќи на Форумот во Преспа, тој го реафирмира нашиот став (“Вечер“, од 2 јули 2021)  дека – “И натаму останува предлогот прашањето за јазикот да се реши со две унилатерални изјави“. Што ни кажа Османи? Прво, дека јазикот е на маса и се преговара за него иако цело време сите тврдат дека тоа не е точно. Второ, таквата солуција е чиста катастрофа и наш целосен пораз. Тоа значи дека Бугарија официјално ќе изјави, и тоа ќе биде дел од преговарачката рамка за нас, дека македонскиот јазик за нив не постоел до 1944 година туку бил бугарски. Ние, пак, ќе изјавиме дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година. И, кој е заклучокот? Ако имаш и грам акал во главата ќе сфатиш дека Софија е во право и дека ние потврдуваме дека – до 1945 година немало македонски јазик. Ние не смееме да спомнеме дека македонски јазик имало и претходно и затоа, de facto, потврдуваме дека македонскиот јазик постои од 1945 година. Попросто не може да биде. Наша полесна капитулација не може да се замисли. Ако тоа го дозволиме а е на пат да се реализира, значи дека сме согласни дека сме нечија измислица и како народ сме се разбудиле некаде во 1944 година. Со помош на Тито, се разбира. Невидена комедија ама последиците ќе бидат крајно трагични.

На форумот во Преспа, со кој го одбележуваме (славиме?) нашиот катастрофален државен и национален пораз во Нивици, премиерот повторно изјави дека за јазикот и националниот идентитет не се преговарало со Бугарија (“Вечер“, од 2 јули 2021). Во објавениот дел од португалскиот предлог, меѓутоа, прецизно се наведуваат двете изјави за јазикот, што ги спомнува и Османи. Ако јазикот не е на маса, чуму изјави?

Мора да се додаде дека, пред некое време, Османи веќе ни кажа дека и јазикот и идентитетот се на маса ама тогаш тврдеше дека за нив не се преговара. Сега, малку се корегира. Впрочем, ако тие се веќе на маса не се таму заради некаков украс туку за да бидат теми на преговорите. Ако сме дозволиле тие да се најдат таму, а без наша согласност тоа не било можно, причината може да биде само наша подготвеност за нивно расчеречување. Сега, врз овие неспорни факти, секој сам нека одлучи за што се преговара со Бугарија.

За неверување е се’ што е во врска со нашите односи со Бугарија и Грција. На Форумот во Преспа, заменик  премиерот, Н. Димитров (“Вечер“, 2 јули 2021), посочува дека – “(С) Македонија успеа да го реши долготрајниот спор за името токму затоа што Грција го призна и прифати правото на граѓаните на самоопределување“. Прво, не вели на Македонците туку на граѓаните. Не сака да ги навреди Грците дека такво нешто, иако привремено, сепак се’ уште постои. Макар за по дома. Второ, самоопределувањето е универзално право и не може Грција нам да ни го признава или не. Македонија одамна се самоопределила како држава а Македонците како народ, пред векови. Факт е дека Грција, со наш потпис, успеа да си обезбеди целосен монопол на се’ што е македонско, и тоа само ќе се шири во преговорите за ЕУ. Навистина, има и еден наш “успех“,  иако само привремен. Во договорот од Нивици се спомнува нашиот јазик како македонски! Генијално – Грците прифатија дека ние зборуваме македонски, иако не сме за нив Македонци ние, туку тие! Тоа важи само од 1967 година ама, сепак, е нешто. Меѓутоа, според очигледната поделба на трудот меѓу нашите соседи, која е во процес на извршување, јазикот ќе ни го отпише – Софија. Не е Димитров виновен што така се договориле Грција и Бугарија, се разбира под патронат на САД, а тој, можеби, не знаел. А, немал време да анализира и претпоставува што и од каде не чека, пред неговиот потпис на капитулацијата. Ако играл, и ако не играл шах, морало да му биде познато дека секаде се комбинира и планира. Дека има јавни и тајни сценарија. Требеше португалската државна секретарка за Европа да ни ги каже работите и ние пак да (се правиме дека) не веруваме. Се’ што ни порача таа е апсолутно точно. Клучно е што директно ни потврди дека тоа се политики на Брисел, што значи и на Вашингтон. Тоа значи дека Софија има целосна поддршка и дека се’ наше македонско мора да оди јабана, ако сакаме во ЕУ. Се разбира, ако продолжиме вака неодговорно да се однесуваме.

Невидена наивност е кога некои сметаат дека новото име, кое ни е наметнато со сила, нема да се рефлектира на се’ во државава, вклучувајќи ги и народот, јазикот, историјата… на химната, грбот… на имињата на сите институции, организации, здруженија, сојузи, служби, центри, групации… секаде каде до сега стоеја придавките – “македонски/а/о“. Без оглед дали се поврзани со државата или не. Тоа е наша неизбежна обврска и постепено ќе ни се наметнува во приближувањето до ЕУ. Исклучоци нема да има а исполнувањето ќе го следи Атина на дневна основа. Настаните сврзани со Фудбалската и другите спортски федерации и организации, воопшто не беа случајни. Тоа е само почеток, без да се чекаат преговорите за ЕУ. Нестрпливи се. Договорот само го отвори тој процес и ги вклучи главните обврски за нас. Другите ќе следат, врз основа на меѓународната пракса. Ако веќе нема држава Македонија, како што потпишавме и се согласивме ние, не се можни никакви деривати од тоа име. И се’ е јасно за сите освен за нашите политички аматери. Кога името е Франција, се’ е француско, кога името е Данска, се е данско… ама кога името е (С) Македонија, се’ мора да биде (с)македонско. И јазик, и народ… Се’. Нема договор кој може да биде над меѓународната пракса.

Жално и трагично, срамно и понижувачко е кога Македонија бара  правдини повикувајќи се на Нивици. Демек, нешто ни е дозволено бидејќи  било предвидено со договорот! И, што е надвор од умот, тие решенија треба да го обврзуваат целиот свет. На пример, од името на државата да не се извлекува таков народ, јазик, историја… што е неизбежно и нормално. Зарем некој може да замисли дека цел свет ќе биде обврзан, прво да знае што Нивици регулираат и како и, второ, да се почитува нашиот капитулантски договор и да не не’ нарекуваат (Северно)македонци, или дека зборуваме (северно)македонски јазик…, како што, сосема со право, ни најави Португалката? Тоа се наши тешки бесмислици, со кои го лажеме народот и себе. Сме заборавиле ли дека референцата “поранешна југословенска Република Македонија“, беше измислена само за користење во системот на ООН а стигна на секаде? Сосема неизбежно, истото ќе се повтори. Тоа е системот кој функционира а нашиве мудреци не го разбираат или само така се прават.

Додека ние спиеме или изгруваме идиоти, Бугарите не мируваат. Нашиот “пријател“ Радев, како ни го опишуваше Пендаровски и се понижи возејќи се со неговиот авион, деновиве се сретна со претставници на шаката нивните платеници од Центарот за култура “Иван Михајлов“ од Битола. Кој знае по кој пат, тој изјави дека – “бара Македонија да ги почитува правата на своите граѓани, кои се идентификуваат како Бугари…“. Можете ли да замислите дека некој од нашите политичари сега би можел да се сретне со претставници на огромното и обесправено македонско малцинство во Бугарија и да го каже истото? Од претседателот, до премиерот, до заменик премиерот за европски прашања…? Се разбира дека не. Тие градат добрососедство и шират европски дух а ја игнорираат бугарската агресија, поради “повисоки цели“. Всушност, најапсурден во целата оваа какофонија и турлитава е фактот дека Софија цело време зборува за прогон на Бугарите во  земјава, за што нема никаков документ освен средновековни лаги, додека има 13 пресуди на Европскиот суд за човекови права за прогон на Македонците кај нив. И, додека сите овие нивни празни обвинувања и примитивни активности, како на пример приемот на битолчаните кај Радев, ги шират низ Европа, ние молчиме. Нормално дека Европа ќе им верува, како и Португалците, кога ние ништо не демантираме. Тоа единствено значи дека се согласуваме со нивните ујдурми. Со вакво наше безумно однесување заслужуваме да ни ги избришат сите траги од македонизмот, што и се случува.

На Форумот во Преспа, нагласено беше американското присуство. Тоа може да се смета и како некаква утешна награда за нас, по сите порази во нивна режија. Амбасадорката, Брнс, заклучи – “од вас е побарано да покажете многу повеќе од другите кандидати за членство во ЕУ, но ќе бидете поподготвени“. Таа само го констатираше и не го осуди тој факт, што може да звучи како најава за наши нови стратегиски отстапки? Палмер, пак, ги поддржа – “разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери“. Ова треба да биде нова потврда дека ставовите на Лисабон се и на Брисел, во што не треба да има сомнение. И тие, како и помошникот државен секретар, Рикер, кој ни е добро познат од порано, силно го поддржаа отворањето на преговори со Македонија. Сите ја осудија блокадата ама не и неразумните бугарски уцени. Претходно, САД бараа Бугарија на билатерална основа да ги решава проблемите со Македонија што, макар имплицитно, покажуваше разбирање на нивните аспирации, без да го блокира проширувањето. Впрочем, тоа одлично се вклопува во нивните долгорочни политики кон Македонија и тоа на двојна основа: прво, дека бугарското финално разнебитување на Македонците треба да продолжи преку нивните неразумни барања, кои не се оспорени и, второ, дека најголем дел од тоа треба да се реализира во текот на преговорите и затоа тие треба што поскоро да започнат. Во тие рамки се движи и Софија, иако малку се прецени во обидите како народ да не избрише преку ноќ.

Светла точка во Преспа била оценката на професорот Едвард Џозев  дека – “блокадата на Бугарија е предавство на европските вредности“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This