Koлyмнa нa Трифун Костовски: „Зa мaкeдoнcкитe paбoти“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убеден сум дека многумина очекуваат дека денешнава колумна ќе биде посветена на Еуростандард банка, меѓутоа одлучив да ве одморам од оваа тема, а и себеси, бидејќи и во иднина ќе пишувам на тема Еуростандард банка сѐ додека не се реши случајот и додека вистината не излезе на виделина.

Денеска ќе пишувам за она што ни се случува, на нам граѓаните на Република Македонија, и нам како независна држава која поминува низ пеколни маки за да стигне во друштвото каде и припаѓаме.

Барем засега единствената дестинација за напредок на Република Македонија е Европската унија, што во пракса не значи дека не постојат и други опции за создавање на нови унии/сојузи на еден модерен свет каде треба да владее правото и правдата, слободата на говор на поединецот и секако заштита на општествениот и приватниот имот.

Споменатите пеколни маки кои ние македонците ги поминуваме, генезата ја носат од раните години на 20 век, за време и по распадот на Турската империја, а особено добивајќи на интензитет после распадот на бившата СФРЈ, кога станавме независна држава, Република Македонија.

Уште во првите години од независноста на Република Македонија, говорам за 90-те години од минатиот век, нашите соседи кои цело време имаа претензии кон денешните државни граници на Република Македонија, се разбудија од некој длабок сон и ги пројавија старите интереси.

Проблемот започна со нашето негирање како нација и име на држава од страна на Грците, за да продолжи во соседна Бугарија, негирајќи ја нашата посебност, јазик, култура  и историја и сметам дека Србија која секогаш имаше претензии кон Вардарскиот дел на Македонија, стана свесна за нашата посебност како народ, нација и недвосмислено ја призна нашата држава под уставно име и нас Македонците како посебен национален идентитет. Заклучувам дека Србите најбрзо ја научиле лекцијата дека со сила не се решаваат проблемите, туку треба да надвладеат разумот и реалноста. Впрочем Германците изгубија две светски војни, кои беа водени за освојување на нови територии. Не само што не освоија нови територии, туку изгибија и од своите, ама ја  научија лекцијата дека не се владее со оружје туку со ум. Денес Германија е водечка економско-финансиска држава во склоп на Европската Унија. Овој факт многу говори како треба да размислуваме. За жал нашите соседи овој еволутивен развој сѐ уште не го поминале.

Жалосно е што Грците водеа војна за името што е преседан на целата земјина топка. Уште поголемо разочарување е нашиот источен сосед т.е. Бугарија, која веќе јавно нѐ третира како „Бугарски изроди”, а во што во основа лежи нивната желба за приспојување на денешната територија на Република Македонија во рамките на Бугарската држава.

За многумина од нас е јасно дека ваквите негаторски ставови на Грција и Бугарија се појавија по распадот на СФРЈ. Во времето на постоење на бившата федерација не постоеја вакви тенденции, барем не толу експлицетно и бутално, а тоа говори и за карактерот на нашите соседи.

Од аспект на нашата иднина факт е дека со додавката Северна на Република Македонија, влеговме во НАТО Алијансата а тоа од безбедносен карактер е многу битно за нашиот иден развој. Со додавката „Северна“ од страна на нашава актуелна Влада ни беше ветувано дека веднаш ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ и со брза постапка ќе бидеме инкорпорирани во Европската Унија. Резимирам – од решавањето на спорот со нашиот јужен сосед, ни се испорача само влез во НАТО Алијансата, а второто ветување за отпочнување преговори и брз влез во Европската Унијае  за жал, сведоци сме дека нема да се случи во најблиско време.

Ветото за отпочнување преговори ни беше испорачано „од нашите браќа” од Бугарија. Каква ли љубов? Братска ли љубов – не ќе да е. Станува збор за амбиција за поседување и доминација.

Блокирањето на нашиот Евриопски пат од страна на Бугарија не смее да делува на нашиот дух ниту да нѐ обесхрабри и затоа Македонија мора да бара нови патишта за создавање на добри билатерални односи, и евентуално да иницира на Балканот и околу Балканот нови идеи во кои што ќе го бараме нашиот просперитет и ќе ја креираме нашата иднина.

Многумина ќе мислат дека погоре искажаното е невозможно, меѓутоа инсистирам дека секоја сериозна држава мора да има алтернативи за нејзиниот натамошен развој. Зошто ова го велам? Веќе три децении сме на прагот пред отпочнување преговори со Европската Унија. За сите други членки на Европската Унија кои беа во скоп на Врашавскиот пакт при нивното влегување во Европската Унија, не важеа критериумите на кои се инсистира како услов нашава дво милионска држава да стане дел од 600 милонската Европска Унија. Дали е ова правда? На секој помудар човек ќе му се наметне прашањето зошто ова нам ни се случува?

Факт е дека Македонија не е пулен на ниту една силна Европска држава која денес е во склоп на Европската Унија. Факт е дека денешниве исцртани граници на Балканот можат да бидат предмет за нивно прекројување, тоа посебно важи за Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Многумина ќе помислат дека сум песимист, меѓутоа од ден на ден се повеќе станувам убеден дека Македонија иако е членка на НАТО се чува како монета за поткусурување за финалното решавање на сите наталожени проблеми на Балканот. Дали ќе бидеме монета за поткусурување зависи исклучиво од нас и од нашата желба да опстоиме како држава и да си го сочуваме народот на сопственото тло.

Бевме сведоци неодамна за кратката војна меѓу Израел и Палестина во која загинаа многу невини лица, меѓу кои и деца. Дали е правдата кај едните или кај другите, верувајте ми незнам. Холокаустот кој што го претрпеа Евреите , посебново Втората Светска војна е злостор врз човештвото, меѓутоа длабоко во себе имам потреба да го искажам својот став околу палестинското прашање на територијата на Израел. Израел е формирана во 1948 година на територијата на бившата Британска колонија Палестина, каде што во најголем процент биле автохтони Палестинци. Тоа е истата 1948 година кога се случува бегалската криза на нас Македонците од денешна Грција во егејскиот дел. Многумина ќе се запрашаат која е симболиката на овие два настани. Почитувани пријатели, симболиката ја гледам во тоа што може нам да ни се случи истото.

Во денешен Израел, палестинското прашање е ставено на маргините како политички проблем, бидејќи со заминувањето на Јасер Арафат како лидер на Палестинците, замина и последната надеж дека овој народ ќе има сопствена држава, па макар и на дел од некогашната  нивна територија.

Нам ни се случуваат многу чудни работи! Проблемите со соседите создаваат контекст во кој ние, за жал, се чувствувавме како „Палестинци”. Негирањето на нашето име, нашите посебност, јазик, култура и историја, неодамнешниот нон-пејпер, објавен од Премиерот на Словенија Јанез Јанша за нови прекројувања на границите на Балканот, укажува на фактот дека нашата иднина може да биде загрозена.

Не смееме да спиеме и мирно да чекаме нашата судбина други да ни ја кројат. Мораме сами да делуваме и да покажеме цврстина , карактер и достоинство. Жално е што на денешнава политичка сцена во Република Македонија, а посебно во актуелната Влада не ги гледам тие особини.

Функционираме на системот купи ден – продај ден и недвосмислено лукративните интереси на носителите на државни функции во изминатите две децении, стануваат приоритет за секоја политичка партија која претендира да ја освои власта. Во денешни услови некомпетентноста во сите сфери во кои нашава Влада влегува во решавање на така наречените проблеми кои сама ги креира, говори за фактот дека најбитно на актуелната Влада ѝ е да го истурка мандатот користејќи го буџетот што сами си го креираат иако се свесни дека Македонската економија таквите буџетски апетити не може ни 50% да ги пополни, што би значело ново задолжување.

Нашата земја недвосмислено влегува во земјите со голема задолженост. Меѓународните финансиски институции имам впечаток дека дигнале рачна за натамошното задолжување на Република Македонија.

Деновиве се отвори дебата за зголемување на даноците со цел да се пополни овој недостаток на средства во буџетот. Повторно удрија по народот. При евидентен пад на бруто националниот доход во последниве две години и со масовно зголемување на невработеноста во Македонија се создава армија на социјално загрозени случаи на кои актуелната Влада има намера да им зема додатно, што би рекол народот да им го земе залакот од уста.

Почитувани пријатели, за мене ја прелија чашата. Ваквото неконтролирано арчење на народните пари мора да престане. Мора под итно да има предвремени парламентарни избори. Мора да се смени изборниот законик со што гласањето мора да биде обврзувачко на секој граѓанин во РМ, една изборна единица и слободни листи. Само на овој начин ќе дозволиме да се испрофилираат на политичката сцена луѓе со знаење, визија и искуство. Во моментов на Македонија ѝ треба силна Влада, наоружана со квалитетни интелектуалци и со чиста кристална идеја дека ќе одработат за сопствената држава и за народот кој што живее во оваа држава. Дали тоа го можеме, дали можеме да се надминеме самите себе и обезбедиме просперитет на државата и народот. Молкот мора да го замениме со јасни барања. Сервилноста на институциите кон Владите треба да ја замениме со аргументирана критика и бунтовност. За мене ова е единствениот начин за вистинско закрепнување на нашата држава, а вие размислете.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This