Koлyмнa нa Трифун Костовски: “Koнзиcтeнтнocт”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дозволете ми да го искоментирам ставот на актуелната власт по прашањето меѓународни односи, а, уште поконкретно,  меѓусоседските односи.

На меѓународен план е повеќе од евидентно дека имаме сѐ помалку пријатели кои би застанале зад нас на нашиот пат кон европското семејство. Не само што ги немаме, туку веќе како да не се ни обидуваме да ги добиеме со вистинска дипломатска офанзива.

На меѓусоседски план неконзистентноста на актуелната власт се граничи со нешто што во најмала рака би го нарекол смешно, но и жалосно. Сведоци сме дека новата Влада која своите активности ги отпочна во септември минатат година, ги затопли односите со соседна Бугарија, што имаше моменти кога нашиот актуелен Премиер умееше да каже во неговите настапи кои целата јавност ги виде, цитирам: Ние сме ист народ, говориме ист јазик. Кон крајот на минатата година, кога господинот Заев го почувствува од народот автентичниот порив за сочувување на  македонскиот иднетитет, ретерира и сега настапува националистички према Република Бугарија за несфатливите црвени линии кои Република Бугаија ни ги испорача кон крајот на ноември и почетокот на декември , поврзани со нашата историја, самобитност и јазик.

Љубовта со Република Бугарија заврши, затоа што за господинот Премиер Заев тоа е завршена работа, и се сврте за подинамична соработка со нашиот северен сосед Република Србија, со кој до пред некој месец односите ги залади на ниво на нетрпеливост, слично како денешното ниво на нетрпеливост меѓу граѓаните на Република Бугарија и Македонија.

Ваквото талкања во креирањето на надворешната политика на Република Македонија е само уште еден доказ дека државата ја водат луѓе кои немаат ни грам компетентност за обавување на овие високи државнички позиции каде што се бара мудрост, искуство, знаење и најбитно стратегија.

Ако за господинот Премиер Заев овој начин на водење на државата е нормален, јас го убедувам дека тоа не е точно и треба час поскоро да си замине од таа функција. Неговото заминување треба да биде пред сѐ насочено кон самиот себе за да се заштити од небулозите кои секојдневно ги акапултира во нашето секојдневие и, второ, уште побитно ми го руши моето лично достоинство и достоинството на многумина кои размислуваме на идентичен начин.

Од целава состојба најчуден ми е односот на членството на партијата на Социјал демократскиот сојуз. Не паметам во историјата на оваа партија да биде толку жедна за власт, а притоа немајќи основни ресурси во човечки кадри за да се справи со овој предизвик. Жалосно е на кое ниво спадна оваа елитна Македонска партија – кога велам елитна говорам за елитност поткрепена со интелектуално капацитирани кадри, кои за жал денеска ги нема.

Единствен излез за Република Македонија да излезе од овој ќор-сокак се предвремените парламентарни избори на кои ќе дозволиме да се појават луѓе и партии кои имаат поконкретна визија и стратегија како да ја водат државата. Респект кон сите политички субјекти кои дејствуваат на политичката сцена на Македонија. Потребни се нови идеи, нови лидери и проветрување на политичкиот амбиент во Република Македонија.

Од досегашното три децениско искуство, низ кое нѐ водеа Македонските партии, ние граѓаните не видовме голем бенефит. Имам чувство како да сме заробени од самите од себе. Како да сме во логор искреиран од сопствените властодршци.

Времето минува, младите генерации си го бараат своето место во напредниот свет, ние тоа треба да им го овозможиме, а прашањето е како? Размислете пријатели, до кога ќе можете да го трпите овој зулум?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This