March 29, 2024, 12:48 pm

Koлyмнa нa Тpифyн Кocтoвcки: Koлeничeњe и питaчeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самиот наслов го позајмив од моето детство кога како деца за Василица, 13 јануар, одевме по домовите на православните верници и коленичејќи ги пеевме црковните песни за Василица. Впечатливи беа светците Св. Петар и Дедо Матори во превод стариод дедо. Клекнувањето на колено беше дел од тој ритуал и тоа ме потсети на актуелниве времиња каде што како држава покажавме големи недостатоци во нашето самостојно функционирање, посебно кога е во прашање здравјето на граѓаните и неговата безбедност. Нашава Македонија е последна во редот од сите Европски земји која дојде до набавка на вакцини за своите сограѓани. Вирусот Ковид-19 кој е сеуште меѓу нас со неговите мутации претставува вистинска закана за нас луѓето. Голем број на граѓани од Македонија се вакцинираа во Србија која покажа солидарност и не покани нас граѓаните да се вакцинираме во нивната земја. Во Србија вакцини имаше во изобилие и нардоски кажано немаше толку пациенти, колку што имаше набавено вакцини, така да одлучи да ги сподели со своите соседи, што е чин за почит.

Сведоци бевме на низа донации од вакцини од многу земји во светот кои покажаа солидарност кон нас граѓаните на РМ, бидејќи нашата Влада не беше во состојба да обезбеди вакцини. Овој чин на наша неспособност јас го идентификувам како коленичење или питачење. Овој чин на мојата Влада го руши моето достоинство и достоинството на сите граѓани во РМ. Не сакам меѓународната заедница да ме доживува како коленичар и питач. Барам и сите ние бараме респект. Респектот се стекнува, а не се купува, а уште повеќе се урнисува со нашето секојдневно коленичење и питачење.

Вториот сегмент за така нареченото коленичење и питачење се пожарите кои ја зафатија Македонија, посебно источниот дел, кон крајот на јули, почетокот на август оваа година. За наши услови, пожари од невиден размер, бидејќи немаме ниту едуциран кадар, а ниту опрема за справување со овие предизвици.

Згора на сето тоа и опремата која ја имаме не беше во функција, токму во времето кога беше најмногу потребана.

Заклучувам, дека без помошта на противпожарните бригади од Австрија, Словенија и нашите соседи, пожарите ќе беа уште активни во Македонија.

Резиме, повторно коленичиме и питачиме да некој ни ги среди нашите внатрешни предизвици. Солидарноста ја прифаќам како знак на општествено комуницирање, ама коленичењето и питачењето се знак на сервилност.

Почитувани пријатели, дали е време да научиме дека животот и иднината на РМ ни припаѓа нам , граѓаните на РМ. Отворено прашувам кој е годишниот буџет на ЦУК – Центар за управување со кризи и како се трошат тие средства? Дали некој ќе понесе одговорносрт за неспремноста на оваа многу важна и скапа институција? Предлагам да си ги пуштиме нозете толку-колку не држи чергата, да престанеме со коленичење и питачење, сопствената иднина самите да си ја градиме. Само така ќе ја промениме перцепцијата за нас граѓаните на РМ во денешниот модерен свет.

Да престанеме да питачиме и коленичиме.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This