April 25, 2024, 12:51 pm

Koнечно пpeовлада paзумот: Евpoпската aгeнција за лekови ќе ја одoбpи pycката вakцина „Cпyтник V“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во следните два месеца можно е Европската агенција за лекови (ЕМА) да одобри употреба на руската вакцина „Спутник V“, пишува денеска „Дојче веле“.

Европа подолг временски период се соочува со сериозен проблем околу процесот на вакцинацијата која тече многу бавно, пред се поради недостатокот на вакцини. Од овие причини постои голема веројатност да биде одобрена руската вакцина од страна на европскиот регулатор на лекови. Како што наведува Дојче Веле, ЕМА ја тестира оваа вакцина уште од почетокот на март, а веќе од следниов месец е најавено дека ЕУ ќе испрати свои експерти во Русија за да дознаат повеќе за резултатите од клиничките истражувања и начинот на производство на самото место.

Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), неодамна објави дека вакцината „Спутник V“, повеќе од 50 земји во светот ја чекаат. Поради фактот дека Русија нема капацитет за производство на толку многу вакцини, производството ќе се одвива и надвор од Русија.

Со цел да се задоволи глобалната побарувачка за нашата вакцина, работиме на трансфер на нашата технологија во странство. Со десет земји веќе се склучени соодветни договори за изградба на производствени капацитети, рече рускиот министер за индустрија, Денис Мантуров за време на видео консултација со претседателот Владимир Путин.

Една од локациите за производство е српскиот Институт за вирусологија „Торлак“, каде е најавено дека производството на Спутник V ќе започне во мај, со што Србија е единствена земја во Југоисточна Европа, во која ќе се произведува вакцината. Како други можни локации, покрај Италија и Германија, се споменуваат и Австрија, Франција и Шпанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This